Македонски Ебдо 3 [Buce]

Day 2,629, 03:27 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро, ден и ноќ сакани мои!

Во овој број сакам да се раздолжам со некои мои верни претплатници односно читатели кои ми исратија молба за да ги објавам нивните огласи поради тоа што во изминатите броеви ги занемарив.
Пред да го објавам огласот само да напоменам дека планирам да го напуштам новинарствово и да отворам фабрика за производство на авиони (патнички и воени) поради тоа што во моментов тој бизнис највеќе се исплати во нашава држава...каде и да се наоѓа.

Категорија БАРАМ

Зоран Први Македонски - БАРАМ СЕРИОЗНА И ПАТРИОТСКА ДУША КОЈА ИМА НА СВОИАТА ТАСТАТУРА ВИШОК "CAPS LOCK" КОПЧЕ.


Таша - Барам добро ситуиран маж (повеќе q7 или злато на акаунт) на ереп за дружба со шанси и за е-брак...нормално! Има еден услов - да не бил претходно е-оженет за мене.


Mане Комита - Барам битка каде комотно без инциденти во кои секогаш страдам јас да фатам БХ. И секако Аминта да не се врати во МТО за да Демонс секогаш бидат втори!


Бобан Митровски - Се решив и на ваков начин да побарам помош. КОЈ ШИТКА WAR MATERIALS..ми треба за тезга!


ФантомМКД - Барам соработници за мојот мандат!


Македонец21 - Барам државата да ми обезбеди субвенции за тролања по шаути, доколку не го стори тоа ќе бидам приморан...да го побарам тоа во наредниот број на Македонски Ебдо!


Аминта Македонецот - Барам шивач или шивачка која би ми помогнала да скрпам неколку маички. Плата по договор со провизија!


Kо3ата(блгарин) - Барам свежо покосена трева. Можно е и замена за леб од било каков квалитет оти не ја полни кај мене енергијата.


ВОДОИНСТАЛАТЕРОТ - Барам Македонски пасош, го сменив полот што не ми прилагаше а сега сакам и националноста. Не сакам да ми кажуваат што да правам додека не сум гол.


Категорија ПРОДАВАМ/НУДАМ

Ел Че - Продавам вишок злато стекнато строго од Freedom Fighter медали.


Лазароса - Нудам строго доверливи информации,слики и документи..како и видеа од одљуба!


Крсте83 - Продавам плац на нудистичка плажа во ОхриТ. Само два пати имам постилано пешкир на неа...нон-стоп на глава го носам!


Mистер Сантино - Нудам хуманост за сите Македонски граѓани и оние што се осеќаат така. Вегетаријанците јадат зеленчук, јас сум хуманитарец.


DSW - Нудиме огромни пространства на пасишта низ Републикава (во Франција). Заинтересираните овци нека остават порака во инбокс или нека пратат своја фотографија. Пример слика долу.


Трупер - Нудам мои голи селфи слики по екстра цена. Без и со тепих на гради, без и со брадавица, без и со секси насмевка.


ФениксМК - Нудам услуги како пишување на романи во сите жанрови, есеи, политички елаборати и ред друго. Подобар сум дури и од Ефиљо. За гаранција на квалитет обратете се на Струме.


ДаскалотМКД - Нудам конгресменски места. Влезете во партијата Macedonian Order - United Party, и се што треба да направите е да земете бројче. Забава загарантирана, дискреција незагарантирана.


И како последен и без болд, намерно!

БлекМК - Продавам тазе памук. Цена по договор.


Епа најсакани мои тоа би било се за овој број, иако ви ветив дека ќе го завршам интервјуто со нашиот дописник од Егејска ВОДОИНСТАЛАТЕРОТ...но ете ќе го оставиме тоа за наредниот број ви ветувам!

Сите гореспоменати и долу сликани личности се надевам дека нема да ми замерат за шегата на нивна сметка, иако јас за секој случај панцир си носам и песни си пеам ама во подрум!



Вашето коњче и следно гувернерче,
БУЦЕ