НЕКА ВИ Е МАКА - Собиранка Радовиш - 19ти Ноември - Сабота

Day 1,464, 09:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Trolldor

Најпрво ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ за тоа што малку почекавте сите за оваа статија, а се надевам дека ќе ми биде извинето од ваша страна откако ќе ги погледнете сликите.

Па редно е и да започнам да ви доловам дел од случувањата и амбиентот кои што се случуваа на 19ти Номеври 2011 година – Сабота, а нормално и на „афтерпарти-то“ кое беше на 20ти Ноември 2011 година – Недела:

Сé се случи така спонтано, некој: ајде кога во Радовиш, некој: кога да ти дојдам во Радовиш, некој: море кога ќе правиме дружба во Радовиш... па одлучив еве баш на 19-Ноември-2011 – Сабота да ја направиме заедно дружбата во Радовиш.
Сакав да знам точна бројка на сите оние кои ќе дојдат на оваа дружба – како би можел да ја направам организацијата што подобра. На мое задоволство, се пријавија 36 вкупно, нормално, имаше и некои што не се појавија, а побројни беа некои што дојдоа непријавени.
Еве како се одвиваше селата работа...
Некаде околу 18 часот, почнав да ѕвонам на радовишани да се собереме сите на едно место заедно, како би се запознале сите (пријавени), зошто имаше неколку радовишани што прв пат видов дека се всушност радовишани. Се собравме во „“ кафе-барот, се запознавме, малку помуабетивме, малку повеќе се смеевме, па си реков да проверам каде се луѓето што треба да дојдат... Први во Радовиш пристигнаа Трајче Петков, Аце жути, Топче, Среерс и МакедонецМКД, додека одев да ги пречекам, се јавив на другите да проверам до каде се стигнати – рекоа дека се пред Радовиш на 5-6 минути. Се најдовме, се поздравивме и запознавме лично првите што дојдоа, па се договоривме да ги почекаме и другите. После некои 10-тина 15 минути, се појавија и: Механџијски со болјата-половина, Шадоу-Сталкер и Тхе Коки. Додека се поздравувавме, стигна уште една кола, тоа беше Персеј Македонски во придружба со Лидер оф Скорпионс и сите заедно се упативме кон местото на злосторот :Р
Влеговме во ресторанот, почнавме да се сместуваме, ми заѕвони телефонот и гледам Милан од МТО (Трто) кој не беше пријавен за дружбата и си помислив дека сака да ме изненади и дека намерно не се пријавил, но кога се јавив, ми рече дека се упатил према Струмица, дека има некоја многу битна работа со некои негови пријатели, па на враќање да поминат од кај Радовиш, но останал дефект – му пукнала гума...
Заедно со Персеј Македонски отидовме да помогнеме. Додека да завршиме со гумата, се јавија и други кои пристигнале во Радовиш, а тоа беа Варлор, Були, Арчиболд со компанија, им објаснив како да стигнат до ресторанот. Се јавуваа после тоа уште дека се пристигнати, но од ладното време, само им објаснував како да стигнат до ресторанот.
Завршивме со помошта, се вративме во ресторанот со Персеј, кога Механџијски ме праша за хотел или мотел за да останат на спиење. Ајде и со него отидовме да побараме место за спиење... Кога го завршивме и тоа, се вративме во ресторанот и продолживме со веселбата. Имаше жива музика, која беше веднаш до нашите маси. Се веселевме, наздравувавме, се мезевме, излегувавме надовор на цигари тие што пушиме, се сликавме... Како што се веселевме и како што музиката ни беше погодена, Аце жути се распеа, Шадоу-Сталкер се качи на столче, по него и некои други… и така си траеше забавата до 1 часот по полноќ. Но, тука не завршува приказната, бидејќи, сите се упативме во дискотеката Дајмонд, која беше во непосредна близина на ресторан Амбасадор.
Е сега веќе ќе оставам ВИЕ самите да претпоставувате и да се стрвите како си поминавме, како се случуваа работите, и да си викате: Зошто не бев и јас таму...

Еве ги сликите:



Сите овие слики ќе ги има на фејсбук поставено кај мене на профил, но прво сакам да ја прочитат оваа статија што е можно повеќе.
Тие што ме немате додадено на фејсбук, додадете ме: http://www.facebook.com/djdanak

ИЛАЖАА (не дојдоа): Целаренте, Мацедониан Т-Рекс, Дон Тас, Димзааа, Прсл00к, Гламче, Калугерица, Фудбал Кежуал, Дарко Димовски, Мац3дониа, Кристијан Велес, деда_мраз82...

Доколку треба да се направи некоја измена, ве молам да ме контактирате...
07