Председателска Кандидатура(Мастер)

Day 3,576, 08:20 Published in North Macedonia Indonesia by G A T O T K A C A
Здpаво мои пријатели и пријателки

Сакам да ви ја претставам накусо мојата кандидатура,она по кое ќе целам доколку победам.

Пред се,сакам да изразам почит и благодарност до партијата и раководството на Македонија на Македонците кои ми дадоа доверба и ме одбраа да бидам нивен кандидат за претседател на наредниве избори.

Без разлика дали ќе победам или не јас се нудам на помош на секоја влада па и на наредната доколку загубам на изборите,но исто така доколку победам посебно ќе се потрудам да бидам мост помеѓу Републиканската Партија и МнМ,малку останавме тука за да се делиме и да споделуваме тешки навреди.

Владин тим
-Владиниот тим ќе биде составен од луѓе од мојата партија но исто така од луѓе кои сами ќе се понудат да помогнат и да бидат дел од владата,затоа засега нема да констатирам имиња,во моето прво обраќање детално ќе ви ги претставам.

Економија
-Околу економијата и државните пари би сакал да ви кажам дека ќе пробам да избегнам максимално непотребни и додатни трошоци со цел да имаме секогаш добра залиха на пари,со ова сакам да кажам дека доколку постои можност за избегнување скапи војни/битки би направил големи напори да го избегнам тоа.

-Ќе се потрудам да формирам тим од најдобрите економичари кои би дале совети за тоа дали постои начин да се вложат дел од државните пари во самата држава и сето тоа после одреден период да се врати како бумеранг со позитивен ефект.

-Ке се потрудам доколку е потребно да се средат некои закони за даноци со цел да ги заштитам домашните производи од оние кои го користат нашиот маркет и со тоа влиајат директно на нашата економија,бидејќи приметив дека во некои од појаките земји кои имаме МПП да продадеш одреден производ на нивен маркет данокот е многу голем и не се исплати,сето ова со тимот кој планирам да го формирам ќе го разгледаме овој предлог па ако е можна реализација тоа и да го направиме.

Воено Поле
-Околу војните ќе дадам се од себе да ги задржиме овие три тренинг војни кои ги имаме благодарение на моменталниот Претседател,и во зависност од договореното со Бугарија како да се однесуваме со Грција-одлуката за Грција ќе ја носиме заедно со Бугарија.

-Ќе направиме дали на дискорд или на државните постови поделби на тенкови(можеби и храна)на наши државјани,со цел да ги разбудиме и двокликашите и понеразвиените играчи да пукаат и да почнат да се дружат на играва,бар симболично да ја живнеме заедницава малку,да се обидеме.

-Ќе направам воен тим кој од кој ќе барам мислења и совети за сите воени потези.

-Ќе ги стимулирам воените единици со субвенционирање на тенкови според направената штета,со цел воените единици да бидат поорганизирани и да ги стимулираат своите активни војници.

Надворешна Политика
-Надворешната политика ќе ја базирам според моменталнава власт,бидејќи тие најдобро знаат во целост што се случува и би сакал нивна помош и совети од нивни избраници да бидат со мене и да одлучуваме заедно за идната политика како ќе ја водиме.

-Според мене нема простор за нешто ново на ова поле,имаме силни сојузници и ќе се трудиме да им помагаме и да ги задржиме,ќе се трудам да го зајакнеме пријателството со секој од нашите сојузници.

Домашна Политика
-Посебно внимание би дал тука,бидејќи за жал постои мала поделеност која не ни користи на никој од нас,ќе дадам се од себе да ги зближам сите македонци без разлика на која партија или воена единица припаѓаат,мораме да бидеме единствени каде и да сме кога станува збор за нашата Македонија.

Ова е мојата програма накусо претставена пред сите вас која ќе ја реализирам доколку победам на идниве избори,би сакал и другите кандидати доколку некој од нив победи наместо мене да ги извлечат позитивните работи од статијава со цел да имаат успешен и активен мандат.

Ви посакувам пријатен ден/ноќ,знам дека ќе се најдат некои кои нема нешто да им се допадне од сево ова па би сакал да упатам кратка порака до истите а тоа е: Не сум совршен,правам грешки,со тоа учам и се усовршувам.Играва е круг кој нема цел,денес си горе утре долу,јас ќе го дадам мојот максумум со цел да си ја направам играта интересна и вас да ви биде интересна,но давам збор дека нема да го урнам она што досега другите го направиле а јас го почитувам.

Бидејќи многу ретко пишувам статии и избегавам конфликти со луѓе кои имаат различно мислење од мене ова можеби е и моја последна статија доколку загубам на изборите,па би сакал да ви се заблагодарам на секој ваш глас даден за мене.

Исто така им посакувам успех и среќа и на другите кандидати,знам дека ќе бидат добри кој од нив и да победи.

Со почит!
Mast3R.B0Y