Прво Обраќање [Лејди]

Day 3,403, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци

Видовте сите што се случи на изборите. Секој кандидат би изгубил против Столе, тој е наша легенда и не постои играч на играва што би кажал лош збор за него. Уште еднаш нека му е честит медалот.
А за тој што го кандидирал на своја волја а без негово знаење: Доаѓа Велигден, да се надеваме ќе си ги најдеш јајцата 🙂

Северус го исконтактира Столе и се договрија јас да продолжам со диктатурата бидејќи Столе е неактивен. Денеска Северус би требало да го земе и третиот медал.

Околу диктатурата: Ќе ги следиме советите на Феликс и ќе го испразниме трезорот. Во меѓувреме ќе им пишам пак на админите да прашам дали данокот на диктатура останува да биде 50% . Пред недела дена добивме одговор дека уште се размислуваат околу процентот, така да можно е и да се намали.



Војна: АС-от ни го наполнија Астерија (Перу и Романија), законот е пуштен, одиме да им помогнеме на сојузниците, а и да си ги отплатиме долговите на Аргентинците 🙂 Спремајте се, знаете колку се незгодни Аргентинките 😃
Тренинг војната со Индија продолжува, со Ирска ќе ја држиме додека можеме. Ако се отвори место за преговори за НАП и тренинг војна, можно е да преговараме.
Балканскиот НАП ни завршува денес, нема да го обновуваме. Бугарија не сака и смета дека ако го обновиме, Грција ќе ја нападне Србија а ние нема да може да им помогнеме.

Ве замолувам сите да инсталирате дискорд (имате и мобилна апликација, нема да мора да дремете пред компјутер) за да можете активно да следите наредби, и кога ќе е потребно веднаш да реагирате.
Линк до нашиот дискорд канал: https://discord.gg/xp3aTKC



Авијација: Сите кои што не се во МА се поканети да се приклучат. Крајно време е да мрднам со прст и да го започнам замисленото.
Линк до МА: https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/459/overview

Од петок 17.04 сите што се во МА, добиваат по 1000 денари награда за секој нов авио ранк (ова е првична експериментална бројка). Услов е само да се во МА и да се регистрирани на играва пред 1ви Јануари 2017.
Ќе водам евиденција во јавен гугл документ за секоја донација. Ќе направам и табела за наградите, повисок ранк поголема парична награда.
Доколку Ве има во доволен број на дискорд ќе направиме и посебен чет само за авијатичарите.



Сега за сега битно е да се фокусираме на Аргентина и да им помогнеме на сојузниците таму.

Исто така доколку има играчи што не се вклучени во групни пораки на ереп а се активни, нека се јават во коментар.

Тоа е тоа, сега за сега.
Коментирајте сите за да остане статијата подолго во топ5, ќе ја апдејтирам со линк до документот подоцна.

П.С. Ако сака некој Ослободител медал и има 1 000 000 да си го плати медалот на државата, нека ми се јави во порака.


Furious Lady