Второ Претседателско Обраќање

Day 3,263, 06:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден мои Македонци,


Кучињата си лаат, караванот си врви.
Не знам како поинаку да го опишам периодов…


Прво и најбитно: НАПот

Епа нема НАП. Преговаравме претходниот месец, преговаравме месецов и пред два дена официјално завршија преговорите - неуспешно.
Предлогот на јужните беше да потпишеме НАП Македонија и Бугарија со грција и Турција. НАПот да трае 3 месеци и со регионите да се вратиме на ситуацијата на која бевме пред да започне целиот куршлуз. Ова е таканаречен “бел нап.”
Јас бев спремна да го прифатам предлогов, само и само за да ја завршиме војната. Меѓутоа нели во војната се вклучија Романија, Србија, Куба и Франција и ни помогнаа многу. Ситуацијата се сврте во наша корист. Северрус многу убаво ми го објасни тоа кога рече дека треба да се навикнеме да сме на победничката страна, и да не се откажуваме така лесно. Од условите погоре корист имаа само јужните и Турција, а беа избришани и немаа баш некаква предност за поставување услови.
Нејсе, нормално, побаравме Србија, Романија, Куба и Франција да бидат вклучени во напот. Екто почна да дели и разложува како НАПот требало да биде само меѓу 4те земји, а тоа е неприфатливо за нас. Србија и Романија им ги имаат окупирано регионите, а овие нап од нас бараат, а ние само еден регион им држиме (едвај). Дури Франција и Куба се согласија да ги напуштат саудиските региони само за да успеат преговорите. Се што требаше да направат гр и тр беше да преговараат со Србија и Романија, а тие поради некоја си причина, не сакаа…
Целта на мојот мандат беше да потпишам нап, сите сме преморени од војнава, меѓутоа се согласувам и со тоа дека е време грчкото его да биде скршено и да спуштиме малку на земја. Ароганцијата на нагузениот нема граница.




Јужна Кореа - Кина

Услов за да потпишеме МПП со Кина беше да се откажеме од МППто со Јужна Кореа. Да бидам искрена, мене ми беше сеедно, но Северрус не сакаше баш така да отфрлиме стар верен сојузник. Пробавме да бидеме медијатор и да ги решиме несогласувањата што ги имаат Кина и Јужна Кореа. За жал тоа беше невозможно. Ја споделив ситуацијата со конгресмените и имавме дискусија и гласање. Мнозинството одлучи дека е време да продолжиме по новиот пат и да ја оставиме Јужна Кореа зад нас. Секако веќе ги имаме повеќето Астериски МППа и нема никаква логична причина да го изоставиме Кинеското МПП. МППто ќе се потпише кога ќе заврши корејското МПП.
Во меѓувреме Јужна Кореа назначи еАмерикански играч за нов МоФА којшто во неговата статија пиша дека целта како МоФА на ЈК му е да ја приближи земјата до еСАД.




Финансии

Данокот за работа го намаливме од 7 на 5%.
300 000 денари дадов позајмица на Матрим.
До сега 4 пати дигнати востанија (1700 денари/лице) потрошени околу 65 000 денари.
Во трезорот добивме донации (злато и денари) од тројца играчи кои што се откажуваат од играва. Златото нека си стои, немам намера да го топам.
Би сакала да ги замолам конгресмените да не пуштаат закон за донација додека не се наполни трезорот минимум 600 000 денари (или додека не кажам јас доколку има вонредна ситуација).
Вчера за 3те авиобитки во востанието потрошив 120 000 денари. Така не може! Тоа мора да се смени.




Авијација

ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ШТО ПУКААТ ИСКЛУЧИВО ВО АВИОБИТКИ ДА СЕ ЈАВАТ ВО КОМЕНТАР.
Зошто?
За да направам една координирана порака. За да не мора да фрламе пари за КО на авиобитките. Има идеја за давање некоја парична награда за качување на авиоранк. Или ако успеете да се убедите да направите посебна Авио единица за вас, тогаш ќе можеме во важни битки да ставаме КО само за вас 🙂 Според мене тоа е најправеден принцип кој колку испукал толку пари ќе си земе. Ама минимално, симболично да е !
Се разбира ако имате идеја слободно презентирајте ја, само ајде конечно да се организираме !!!



Ве замолувам да подржувате тактички востанија затоа што сето тоа е во наш интерес.
Исто така денес после пет часот јужните ќе можат да кренат востание. Српското и бугарското востание веќе се во тек. Ве молам точно во 5 веднаш да подржите за да успееме да фатиме ритам со нив и да се одбраниме полесно.


Следете ги наредбите од МзО тимот
[МзО]Наредби за ден 3,263
erepublik.com/en/article/2617955

П.С. Имаат диктатор ама битно е да се потенција дека останаа без конгрес пак трет месец по ред 🙂

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА о/

Со Почит
Ваша Лејди