Последно Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,243, 11:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра вечер Македонци,

дојде ред да ја напишам и оваа последна статија, како крај на овој сосема необичен, и исполнет со авантура, и непреспиени ноќи, месец.. Да.. 11 пати ми звонеа да ме разбудат кога ги пуштија четирите Воздушни Напади во 5 ипол сабајле 😃



Ќе направам краток флешбек на овој месец, а тоа е..

Започна да не речам, катастрофално.. Затекнав празна каса, демотивирани војници, и обраќање на тркалото на војната, каде грците почнаа да земаат замав, ги извадија кредитните картички.. и се изгледаше како бездна без крај кога ги пуштија четирите воздушни напади..

Тоа беше преломната точка. Помош се јави од Астерија, Србија и Романија пуштија напади на грција и Турција, а да не заборавиме и дека еСветот се обедини за нас.

За помалку од 24 часа успеавме да собереме 1,144,010 денари, донации од сите нас, од цел еСвет! Тоа е неверојатно.

Одбивме 3 од 4 напади, четвртиот следниот ден се избрка преку востание.. И јужните завршија втор месец по ред без Конгрес..

Овој месец потпишавме и нови МППа, прво во еИсторијава со еРоманија, и уште од старт се покажаа многу повеќе од пријатели и сојузници, нешто што верувам никој не го очекуваше.. Немам зборови за нив 🙂

Другите се Перу, Португалија и Израел, а се работи и на уште неколку, оставам за следен месец.

Од друга страна, Чиле конечно собраа храброст (или лудило), и потпишаа МПП со сите земји што ни пуштија Воздушни Напади, воедно и јужните, и со тоа автоматски пресекоа секакви односи со нас. Сакам да се повторам околу ова од претходната статија, за да не избрзувате со реакции 🙂

"Апелирам да бидете присебни и разумни, и да не трчате веднаш со навреди, закани и слично. Секој има право да си го одбере својот пат, каков и да е тој. Малата група на Чилеанци кои секогаш биле и ќе бидат верни на Македонија земаа Македонско државјанство, и отворено нè поддржуваат без разлика на се.

Во чест на нашата огромна историја со Чиле, треба да одржиме пред се пријателски односи, иако сме на спротивни страни.

Има една добра изрека која вели: „Не го сечете дрвото поради неколку расипани јаболка!“

Сакам да ја искористам оваа шанса да им посакам среќа и се најдобро на еЧиле! o7
"

Со ова започнува една нова ера за еМакедонија, да го дадеме најдоброто што го имаме за нас и нашите сојузници!


За крај, моментален баланс на Банката, останати 100 илјади, ќе видам како и дали ќе се искористат, ако има потреба вечерва, ако не, остануваат за следниот месец.. Лошо е да се остава празна каса 😛

Сите долгови се подмирени.



Организиравме и собиранка, имавме чест да дојде и Иван Ванчо Македонски, се разбуди од сонот.. Гостин ни беше и еБугарскиот Претседател Бојан, и супер си поминавме.. Се надевам следна прилика ќе бидеме побројни!


Изгледа рутина е на крај на секој мандат да завршува „негативно“ (исто како што почнав јас xD ), па така и овој.. Моментално само Источна е изгубена, и чекаме напад од јужните.. Одиме само јако!!



Со почит,
Северус Снејп
Претседател на еМакедонија


o7