Победа [НЕНОДС]

Day 3,203, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден еМакедонија и окупирана јужна провинцијо.



Победа ! Конечно после незнам колку години во заедничка операција со Бугарија јужните останаа без конгрес. Како што и самите знаете се почна од последниот регион во Индија каде што за малце ќе бевме избркани и избришани од мапата, меѓутоа чудесното КО и тенкање од страна на Романија,Србија,Бугарија, Иран ни овозможија да бидеме таму каде што сме денеска. Од тогаш па до денес не знаеме за пораз. Секоја битка ја добивавме кога требаше, востанијата кои ги ослободувавме кај јужните беа намерно ослободувани да не се затвори војната и да неможат да пуштат нов закон за непријател и со тоа да им ја олесниме работата на Шпанија,Франција и Куба кои летаа во Египет за да ги превземат сите можни региони кои до пред некој ден ги имаа јужните.
Операција успешна, пациент мртов ! 🙂



Окупирани во оргиналните територии јужните решија да ги бранат регионите во Арабија со сите сили.. Mеѓутоа полека, координирано и одлучно настојувавме да ги тргнеме од таму по секоја цена и замислете што ? И од таму ги избркавме, и тоа на клоци !
Најжестока битка се водеше за последниот регион на јужните во Источна Провинција во Арабија. Првите 3 рунди беа крвави, нивните Д4 тенкови буквално ги држеа сите дивизии и успеаа да ги добијат првите 3 рунди. Дојде и авионската битка, каде магично зидот се закочи 50.42 % на страна на јужните иако по сите скрипти Арабија имаше повеќе од 400к штета во секој момент. После 25 мин закочен зид некако почна да се оправа и да дели поени на секој 3 мин. Багирано, лепено, монтирано Арабија ја доби авионската битка. Конечниот резултат го знаете, јужните веќе немаат региони во Арабија.





Борбата за зачувување на конгресот не застана тука. Сабајлето беше последна шанса да добијат регион за да обезбедат конгрес и тоа во бугарски регион ... Координирано со бугарите ние во малите дивизии они како по обичај во Д4 не дозволивме да се ослободат и да добијат конгрес.



На дипломатски план Македонија е на одлично ниво, пред некој ден благодарение на акцонел се потпиша старо-ново МПП со Словенија. Имаме одлична комуникација со земјите членки на Астериа, добиваме потполна подршка и помош во сите наши битки во изминатиов период.


Благодарност до сите кои несебично помогнаа во остварување на нашата замисла.
Благодарност до сите кои донираа цц.
Благодарност сите кои пукаа за Македонија.


Да живее Македонија !

НЕНОДС
Претседател на еМакедонија.