Информации и мотивации [МЗИ]

Day 3,196, 10:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Статијата ќе биде посветена на досегашните случувања во тековниов месец и мандат.

Без многу церемонии да преминам на главните точки.




1. НАП

Имаше на почетокот разговори за НАП помеѓу завојуваните страни т.е. нашата маИка, Бугарија, троседите и Турците. Содржината на НАПот беше невиден идиотизам. И покрај тоа што се избришани и во подредена ситуација троседите поставуваа услови т.е. да им вратиме сите регии, договорот да трае до крај на мандатот, значи нешто невидено досега. Многу си ја кренале цената господата па затоа ЌЕ МОРА ДА ПАТАТ ДОООЛГО.

Затоа засега нема НАП и ќе игра стап.




2. АСови

После доста долго време неколку држави се впуштија во директно учество во војната со душманите наши и Турците. Многу позитивно е тоа што од 3те држави кои летнаа во Арабија/Египет, две се ново пријателски земји т.е. Франција и Куба, додека Шпанија ни е постар лојален сојузник.

Нивните авиони во Арабија/Египет имаат цел да ги блокираат јужните да напредуваат надолу и да ги завземаат сите региони кои ќе ги изгуби.

Затоа им должиме голема благодарност на Шпанија, Франција и Куба за нивната несебичност и желба за помош во овие тешки моменти и се надеваме на уште поголема соработка во иднина и успеси на бојното поле.




3. МППа

Очекувано е да бидете известени и веќе да ја гледате ситуацијата во која нашата држава се движи на дипломатски план. Потпишавме МППа со Србија, Франција, Иран, Куба, Литванија, а наскоро се надеваме дека ќе имаме уште неколку старо-нови МППа со кои ќе бидеме уште посилни.

Некои би го нарекле тоа менување страна, но јас лично би го нарекол пронаоѓање и приширување на хоризонтите и создавање нови пријатели од старите непријатели како и обновување на стари пријателства кои поради дипломатски причини сме ги изгубиле. Тоа е најсилното оружје кое може да послужи за справување со предизвиците.




4. Пакети

За мене е многу тешко да се зборува на оваа тема. Многу играчи се тотално разочарани од политиката на админите за развојот на играта. Ма каков развој човече... Ова води кон тотален колапс на системот. Играта тотално се претвори во пакет-игра. Без пакети си никој и ништо. И покрај огромното незадоволство на играчите за новиот Маверик Пакет кој како што самите админи не убедуваа е пробен пакет, сега ни го ставија пред нос како тотално рамноправен и редовен пакет со веќе постоечките. Авијацијата исто така останува на сила без разлика што носи премногу поени...

Сето тоа не боли толку колку што огромен удар админите вршат кон сите кои пишуваат статии со критики, предлози и сугестии што треба да се направи за да се спречи ова нивно лудило. Фрчат банови, ФП поени, бришење на статии, банови за шаути и што ли уште не за да се затнат устите на оние кои сакаат да ја играат играта која им е дел од секојдневието.




Можеби јас не сум во состојба да говорам за пакети кога нема да ги земам месецов, но мојот случај е различен т.е. ќе имам недостиг на време во следните 10-15 дена за активно пратење на војните, но сакам да упатам еден голем апел до разочараните борци од Д1/Д2/Д3:

НЕМОЈТЕ ДА ДОЗВОЛУВАТЕ ДА ГИ ГАСЕТЕ ВАШИТЕ ПРОФИЛИ СО ПАКЕТИ ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ГИ КУПИТЕ И ИМАТЕ ВРЕМЕ.

Сите сме сведоци дека на нивните МП пакет МОЖЕМЕ ДА ИМ СЕ ПОМОЧАМЕ ако сме организирани и сплотени пред се во Д4 и им правиме постојан притисок за да не ги оставиме д асе префрлаат во пониските дивизии и да прават проблеми. Никој тенк неможе да го издржи нашиот притисок без разлика во која дивизија пробуваат да направат проблеми НЕМА ДА УСПЕАТ А ЌЕ ИСТРОШАТ ГОЛЕМИ РЕСУРСИ.

Да останеме на нозе и да ги пратиме редовно наредбите и да се држиме до планот и да бидеме СПЛОТЕНИ И ОРГАНИЗИРАНИ ЗОШТО НИЕ ТОА ГО МОЖЕМЕ САМО АКО САКАМЕ.

Затоа би сакал сите кои се во можност да се опремат и да ги држиме јужниве ЗГАЗЕНИ.

Јас следниот месец ќе се активирам повторно и несакам да се борам за оригинални региони ТУКУ ЗА ОКУПАЦИЈАТА НА ДУШМАНИТЕ.

НА ЧЕКОР СМЕ ДО СТАНУВАЊЕ ИМПЕРИЈА. ДАЛИ САКАТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВ ПАТ ИМПЕРИЈА?

Затоа опремувајте се и не ја оставајте работата на половина.

ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМИ РАБОТИ.

Министер за Информирање

akconel