Божиќен лов на богатство

Day 2,959, 06:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Revolucioner903
СТАТИЈАТА Е ОБЈАВЕНА ПО БАРАЊЕ НА НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ (ШВАЈЦАРЦИТЕ) И НИВНИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Најпрво би сакал да ви честитам празниците кои следуваат!

Како што сите знаете г-дин Плато ни вети некои божични мисии, но верувајте дека зборувам од името на сите ерепублик играчи кога велам дека сме крајно разочарани.
Затоа смислив проект, во кој ние и нашите сојузници можеме да се забавуваме.
Дозволете ми да Ви го представам “Божиќниот лов на богатство”!


Вовед

Од последниот грабеж, капетанот blackbeard00 и неговиот прв офицер(јас) го упативме нашиот брод Queen Anne's Revenge(Одмаздата на кралицата Ана) во правец на швајцарските банки каде што можеме безбедно да си го депозираме нашето украдено чесно спечалено богатство.Но моќниот Посејдон не беше на наша страна таа ден...

Додека капетанот управуваше со кормилото, јас бев качен на горнат палуба на јарболот,си уживав и си пукав во галебите. Но набрзо нешто ми ја замрзна крвта.Со сета брзина се симнав доле, ја приближив мојата уста до увото на капетанот и се издерив:
-“Вртлог!!!!”
Бев избезумен кога тој ме погледна ладен како мраз и ми рече:
“Ха, се плашиш дека ќе се намокриш?”
Запливавме директно кон вртлогот.Таму ја видов најепската борба во мојот живот...трозабецот на Посејдон беше проголтан од пламената брада на капетанот...пред да му го нанесе последниот удар на Посејдон нашиот брод се распадна!...Уште го немавме закрпено од последната борба со Дејви Џоунс...

Ново утре

Кога се разбудив јас пловев во средината на ништо.Капетанот и јас се држевме за едно големо буре со рум додека пространото синило не опкружуваше.На крај дојде една фамилија морски желки и ги искористивме како сплав за да избегаме.

Богатството

Некои велат дека е стара легенда, но јас знам дека е вистина бидејќи ние ја создадовме.Дента кога ја изгубивме нашата сакана фригата, имавме 1000 алтани и 40 топови натоварено на неа.
Ако си доволно лукав да ги прочиташ сите траги, ќе го откриеш ова долго изгубено богатство.

Објаснување
-Има серија траги(на англиски) во форма да загатки.
-Со нивно дешифрирање евентуално ќе го одкриеш богатството.
-Кога ќе го најдеш направи скриншот и прати ми го мене(http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/8220283)
-Ќе го добиеш богатството

Загатката
Првата трага е:
“Your favorite uncle visit you must
To satisfy your golden lust.
The one that can a “Ri”
Fa sol la si do re mi.”
Белешка:Бидете брзи како ветерот, бидејќи после 30 дена некои траги можно е да “изладат”.


Среќен лов 😉
Автор:TheTrendoReborn- министер за образование на еШвајцарија