[Водич за новите играчи] За тренинг договорите...

Day 2,498, 12:22 Published in North Macedonia North Macedonia by NomadMKD

Може да прочитате:

-Тренинг договори: Зошто и кога да купувате?
-Во кој случај највеќе профитираш а во кој нејвеќе губиш.
-Кога е најдобро да се потпише 50% а кога 90% тренинг договор.
-Кои се најлоши случаи за потпишување тренинг договор.

Во денешна статија ќе пишувам за тренинг договорите. Денес и се погоди некако денот, бидејќи админите токму денес ги пуштија тренинг договорите. Па затоа ги молам новите играчи кои не се толку запознаени со механизмите, да не избрзуваат со заклучоци, туку првин да ја прочитаат мојата претходна статиија за Тренинг центрите, како и оваа статија, па дури тогаш да донесуваат заклучоци.

Како што веќе споменав админите денес ги пуштија тренинг договорите:



И кога ќе кликнете на банерот, ве пренасочува на друга страна каде можете да видите два различни договора.



Значи за 25 голд, вашето тренирање ќе кошта 50% помалку во наредните 30 дена, додека за 53 голд тренирањето кошта 90% помалку во нарени 30 дена. Дали е добра работа? Да, но не за секого. Па затоа во оваа статија ќе се сконцентрираме на тоа кога треба да потпишувате договор и кога е најдобар избор.

Како и секој, имате 4 тренинг центри:
-Првиот е бесплатен и дава помеѓу 5 и 20 сила по тренирање;
-Вториот кошта 0.19 голд и дава помеѓу 2.5 и 10 сила по тренирање;
-Третиот кошта 0.89 голд и дава помеѓу 5 и 20 сила по тренирање;
-Четвртиот кошта 1.79 голд и дава помеѓу 10 и 40 сила по тренирање.

Во зависност од квалитетот на вашите тренинг центри може да добивате 5 сила (користејќи го само првиот центар на Q1) и 90 сила (користејќи ги сите центри максимално надоградени) од ден. Во последниот
случај тренирањето ќе ве кошта 2.87 голд од ден (без тренинг договор)

Сега доаѓа делот каде е потребно да се употреби малку математика и да видиме во кој случај е најдобро да се потпише тренинг договор.
Внимание: профитот од Super Soldier медалот се вклучени во секој случај.

1 Случај
Го користите САМО првиот тренинг центар



Потребна цена за тренирање = 0 голд во 30 дена
Добивате меѓу 5 и 20 сила по тренирање + 1.8 сила преку 5 дневниот бонус (може да добиете 9 сила ако работите и тренирате во 5 дена по ред)

Ќе ви биде потребно помеѓу 11.47 и 36.77 дена да земете Super Soldier медал. Вашиот профит ќе биде помеѓу 4.08 голд и 13.08 голд по месец.

Заклучок: Бидејќи цената за тренирање е еднаква на 0, треба да бидеш луд да купиш тренинг договор.

2 Случај
Ги користите првиот и вториот тренинг центар



Без разлика на квалитети на кои ви се надоградени тренинг центрите, ќе ве чини 30 X 0.19 голд = 5.7 голд
Со 5 дена бонус, ќе добивате помеѓу 9.3 и 31.8 сила од ден. Може да изгубите 0.12 голд во месец (само ако и двата центри се на Q1), а да добиете 13.38 голд (ако и двата центри се на Q4) во месец.

Ако купите 50% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.095 голд = 2.85 голд + 25 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 27.85 голд.
Ако купите 90% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.019 голд = 0.57 голд + 53 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 53.57 голд.

Значи во секој случај ќе изгубите меѓу 8.77 голд и 22.27 голд со 50% тренинг договор.
И меѓу 34.49 голд и 47.99 голд со 90% тренинг договор.

Заклучок: Најдобар избор е да имате максимален приход од 13.38 голд без ПОТПИШУВАЊЕ на тренинг договор.

3 Случај
Ги користите првиот, вториот и третиот тренинг центар



Без разлика на квалитети на кои ви се надоградени тренинг центрите, ќе ве чини 30 X 1.08 голд = 32.4 голд
Со 5 дена бонус, ќе добивате помеѓу 14.3 и 51.8 сила од ден. Може да изгубите меѓу 1.32 голд во месец (само ако сите центри се на Q4) и 23.82 голд (ако сите центри се на Q1) во месец без никаков тренинг договор.

Ако купите 50% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.54 голд = 16.2 голд + 25 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 41.2 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 10.12 и 32.62 голд во месец.

Ако купите 90% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.0108 голд = 0.324 голд + 53 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 53.324 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 25.16 и 47.66 голд во месец.

Заклучок: Како и со вториот случај ако ги користите првите три тренинг центри, немате никаква потреба од потпишување на тренинг договор.

4 Случај
Ги користите првиот, вториот и четвртиот тренинг центар



Без разлика на квалитети на кои ви се надоградени тренинг центрите, ќе ве чини 30 X 1.98 голд = 59.4 голд
Со 5 дена бонус, ќе добивате помеѓу 19.3 и 71.8 сила од ден. Може да изгубите меѓу 16.32 голд во месец (само ако сите центри се на Q4) и 47.82 голд (ако сите центри се на Q1) во месец без никаков тренинг договор.

Ако купите 50% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.99 голд = 29.7 голд + 25 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 54.7 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 11.62 и 43.12 голд во месец.

Ако купите 90% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.198 голд = 5.94 голд + 53 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 58.94 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 15.86 и 47.36 голд во месец.

Заклучок: Ако ги користите првиот, вториот и четвртиот тренинг центар, најдобар избор е да потпишете 50% тренинг договор со што заштедувате 4.7 голд од месец.


5 Случај
Ги користите сите тренинг центри



Без разлика на квалитети на кои ви се надоградени тренинг центрите, ќе ве чини 30 X 2.87 голд = 86.1 голд
Со 5 дена бонус, ќе добивате помеѓу 24.3 и 91.8 сила од ден. Може да изгубите меѓу 31.02 голд во месец (само ако сите центри се на Q4) и 71.52 голд (ако сите центри се на Q1) во месец без никаков тренинг договор.

Ако купите 50% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 1.435 голд = 43.05 голд + 25 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 68.05 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 12.97 и 53.47 голд во месец.

Ако купите 90% тренинг договор, трошоците ќе бидат 30 X 0.287 голд = 8.61 голд + 53 голд од тренинг договорот, вкупни трошоци = 61.61 голд. Во зависност од квалитети на центрите ќе игубите меѓу 6.53 и 47.03 голд во месец.

Заклучок: Ако ги користите сите тренинг центри, најдобар избор е да потпишете 90% тренинг договор со што заштедувате 24.49 голд во месец.

Сума сумарум
Ако ве мрази да читате и ако се изгубивте во сите тие бројки еве накратко ќе ги сумирам најважните работи од статијата.

Не КУПУВАЈ тренинг договор ако:
-Го користите само првиот тренинг центар
-Ако ги користите првиот и вториот тренинг центар
-Ако ги користите првиот, вториот и третиот тренинг центар

Потпишете 50% тренинг договор само ако ги користите првиот, вториот и четвртиот тренинг центар.
Потпишете 90% тренинг договор само ако ги користите сите тренинг центри.