[ Собир ] Велес на 12ти на “ Велешка пастрмајлија ”

Day 2,516, 08:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan aKa T-MaC


Поздрав еМакедонијо

Можеби малце каснам но е оправдано поради работни обврски овие денови многу малце бев од ПЦ а повеќе од моб па затоа немав време да ја пишам статијава. Како што знаете или не знаете во Велес се одржвуа ФЕСТИВАЛ НА ПИТИ И ВИНО – „ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2014” па затоа како домаќин а воедно ми се чини како единствен велешанец што мисли да ве покани не знам поради што така а може и до мене е 🙂 ве поканувам на собри во Велес во недела 12.10.2014.

Потврдено присуство имаат моите мили и верни драги демони кои мометно се сите на државни функции 🙂

Значи поканети сте сите кои имате желба да издвоите барем 3/4 часа слободно време. Се планира да пристигнете недела во 12часот во Велес и во зависнос од бројот, или ќе седнеме на некои штанд или во некои ресторан да конзумирате добро вино и добра пастрамајлија.

Ќе поаѓате од 3 точки мометно од каде може да се организирате

Едната е од Скопје која одговорен е mane komita па затоа сите од таму може да го информирате него и заедно да поаѓате за Велес
Втората е од Тетово каде ќе ве чека нашиот тазе печен цреп Vssa87 каде заедно ќе поаѓате за Скопје па со групата предводена од mane komita патувате за велес
Третата е од источна Македонија каде доаѓа stole lazarov кои тргнува од Виница и секое попатно место што има заинтересиран и може да го собере или заедно да тргнете да го котактирате него

Значи имајте на ум на собирот доаѓа Црпот , Премиерот и Министерот за надворешни па мислете му ја како ќе го оправдате одсуството 😃

А останати велешани кои ќе пројават желба за дружба може мене да ме контактираат или ако не сум мометно online да се јават кај Macedonian Boy 1 макар што ги нема многу не знам што е освен исклучоци 🙂

За секои кои сака овој викенд да го посети велес еве му ја програмата што ќе ја имате па бујрум на велешка пастрамајлија и добра забава



ПРОГРАМА - „ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2014”

10.10.2014 (петок)

15:00 - 16:20
ССОУ „Коле Неделковски“ - фолклорна група
ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ - бенд
ССОУ „Димитрија Чуповски“- бенд
ОСУ „Јовче Тесличков“- бенд
16:20 - 17:15 - „Сенатор бенд“
17:20 - 17:30 - „Црни мачиња“
17:30 - 17:40 - БС „Анабела“
17:45 - 18:00 - ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“
18:00 - Свечено отворање
18:10 - Група „Виртус“ и Миле Кузмановски
19:00 - 2😇0 концерт Нино Величковски
2😇0 - 22:00 концерт на Наум Петрески и „Виртус“
22:00 - Евто Пупиновски, Блага Петреска и „Академци“


11.10.2014 (сабота)

10:00 - 14:00 - Програма на „Радио ЦД”
14:00 -15:00 - настап на Ансамбл „Керамичар“ и КУД„Вила Зора“
15:00 16:00
ООУ „ЈХК Џинот“- ритмичка група
ООУ „Васил Главинов“- ритмичка група
ООУ „Блаже Конески“- ритмичка група
16:00 - 17:00 - „Тренд бенд“
17:00 - 18:00 - „Екстрем Бенд“
18:00 - презентација на најголемата пита пастрмајлија
18:30 - 20:00 - настап на Маид
20:00 - 22:00 - концерт на „Ареа“
22:00 - 00:00 - настап на „Прљаво казалиште“
00:00 - 02:00 до крај - избрана музика - диџеј


12.10.2014 (недела)

10:00 - 14:00 - Програма на „Радио 5ФМ”
13:00 - 14:00 - настап на Ансамбл „Коле Неделковски“ и „Распеани велешани“
14:00 - 14:40
ООУ „Св. Кирил и Методиј“- фолклорна група
ООУ „Благој Кирков“
14:40 - 15:40 - „Коктел-бенд“ и Група „Зрак“
15:40 - 16:30 - „Соната“
16:30 - 17:20 - Рок состав „NONCHALANT PARADOX”
17:20 - 18:00 - „Евергрин бенд”
18:00 - 20:00 - концерт на Александар Тарабунов
20:00 - 22:00 - концерт на Дани
22:00 - 00:00 - концерт на Бени Шакири и „Нон-стоп“
00:00 - 02:00 до крај - избрана музика – диџеј

Како што може да приметите добра забава има во сабота навечер но поради мојата обврска т.е. свадба ме трефна баш тогаш да ме канат морав да ја преместам дружбата за наредниот ден недела и тоа да биде денски пошто има доста што ќе одат на натпреварот на Р.К Вардар па да испаднеме во сусрет на сите

Поздрав македонци/ки се гледаме во Велес и ако има некоја правописна грешка извинете ептен на брзина е напишано поради тоа што ме гази времето а и плато ме тераше по 2пат да ја препишувам ради неговиот мутав сервер 😃