ПОУЧНА БАСНА (ЗА СИТЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА ИЗВРШИТЕЛИТЕ ЌЕ ГИ ОДМИНАТ)

Day 2,397, 23:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Stoica vasev


Еден ден глушецот го видел селанецот како му става стапица.
Глушецот тоа им го раскажал на кокошката, овцата и кравата. И сите му рекле: " Стапицата е твој проблем. Тоа нас не не интересира."
Недолго потоа, во стапицата се фатила змијата и ја гризнала жената на селанецот. Обидувајќи се да ја излечат, и свариле супа од кокошка. Потоа ја заклале овцата, за да ги почестат сите оние кои доаѓале да ја посетат. Недолго потоа ја заклале и кравата, за достојно да ги нахранат гостите на закопот.
А глушецот цело време ова го гледаше низ дупката на ѕидот и мислеше на работите кои, ете, никого не го интересираат.