ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРЕКУ ОБЕДИНУВАЊЕ

Day 2,270, 06:52 Published in North Macedonia Greece by kavadarci4ever

Благодарност голема да изразиме до сите наши гласачи, подржувачи и симпатизери, по конечното пребројување нашиот краен официјален резултат за овие избори е 115 гласови или 18,67 %. Да знаете не сте заборавени и секогаш може да сметате на наша подршка кога тоа ви е потребно. Не се заборавени ниту нашите коалициони партнери, Комунистичка Партија на РМ и Македонска Слобода, кои несебично ја дадија својата подршка и максимално вложија напори да оствариме што е можно подобар резултат. МОА останува и понатаму респектабилна политичка моќ нашето влијание во јавниот живот на Македонија го потврдивме со освоеното трето место на последните избори и покрај намалениот број на гласови за разлика од декемвриските. Остваривме завидни резултати но не победивме на овие избори, не секогаш победата е репер за нечиј успех. Намалениот број на гласачи е општ впечаток и се должи на големата разочараност кај обичниот македонец од актуелната состојба во која се наоѓа нашата земја веќе подолг временски период. Ваквата состојба мораме да ја промениме, за таа цел ве повикуваме сите заедно да работиме. Избравме нов председател имаме крајна цел, но немаме многу време дали ќе ја оствариме таа цел зависи од нас и нашата меѓусебна соработка. Во предизборната програма на нашиот кандидат стоеше дека нема победници додека Македонија е поразена не смееме да дозволиме нечија изборна победа да значи разочарување за другите кандидати, напротив ова треба да биде поголема стимулација за што е можно поревносно работење за сите останати. Времето на изборни поделби заврши сега е време за ослободување преку обединување. Сите заедно на чело со новоизбраниот македонски председател Phantom MKD, челниците на партиите на воените единици и иселениците да седнеме и да направеме стратегија за престојните воени дејствија.


Непријателства и омраза беа манифестирани во последните неколку денови врз нашите членови, од кои причини не знаеме но ваквиот начин на дејствување од страна на официјални државни функционери не е во интерес на земјата. Злоупотреба и притисоци преку државните институции, водење на агресивно непријателска кампања, финансирање со државни фондови и сето тоа во функција за справување со неистомисленици доведува до политичка анархија, незадоволства, репресии врз поединци до фаза на линчување. Ова мора да престане, во таа насока МОА апелира да се предложи усвои и спроведе правилник за однесување на актуелните државни функционери пред, во време и после изборите. Воедно бараме да се ограничи бројот на мандати што една личност како министер може да ги обави едно подруго максимум на два, па зошто да не и за другите функции партиските и воените. На овој начин сметаме дека ќе се намали политичката моќ на поединци кои ја злоупотребуват во приватни цели и ќе им се даде можност на други кадри за нивно докажување и стекнување со потребните вештини за државна лојалност и способност за лидерско водење и управување.