Вљубена во...

Day 2,269, 03:45 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Молика.
Една недела пред месец некаде имав силни главоболки, докторите велат мигрена, а бајачката нагаз, не е битно, чарето не ми го најдоа.
Маж ми сосила ме изваде од кревет, таква со мирис од ракија истурана по глава, со компири живи по глава и стегната со шарпа ме однесе на Пелистер.
Тогаш ја читав од Куелјо The Pilgrimage и вежбата да замислам дека сум семе од дрво ми се допадна. Застанав таму до четири молики, клекнав и се склупчив, бев малечко семе и растев и растев и станав молика, бевме пет, шумолевме весело на ветрот. Потоа едната молика ја прегрнав и бев среќна.
Моите деца насобраја многу шишарки во мојата капа. Сега дома витрините ни ги красат огромни шишарки(куклешки😁и ни мириса на борова смола.
Нема повеќе главоболки, секоја ноќ во сон мојата душа ги посетува моликите и шумолам весело со нив во мракот, го допирам небото, ме осветлуваат ѕвездите.