Метастаза - [Таша.МКД]

Day 2,266, 14:28 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria
Метастаза


Од душава те откорнувам,
прецизно и остро засекувам како со скалпел,
во сопственото месо заривам без да трепнам,
без збор, без бол....оти болката и онака е веќе преценета.
Хируршки те отстранувам, полека, со внимание,
од сите делови во кои си метастазирал,
сечам, фрлам, бришам по некое сеќавање.
А добро те препознавам,
сите затруени делови се црни како твоето “те љубам”,
мирисаат на лага....о, да...лагата мириса...исто како и вистината
исто како и љубовта...
исто како и...
Но, без патетика молам!
Сега мојата работа бара прецизност, а не безначајни описи.
Длабам, копам...и ништо не чувствувам,
дури ни тага нема во моето срце,
барем не во она што остана од моето срце
Сечам...дел по дел...
И ете...емоција....
Страв....
Сечам....и гледам....од мојата душа ништо не останува,
ја чистам или убивам,
ја убивам или спасувам,
ја спасувам или само се надевам.
Рацете ми се тресат....
И повеќе не сум силна,
ниту прецизна...
Копам со прсти....те вадам,
немам повеќе трпение,
откорнувам се’...
Тебе, себе, душава...
И ме фаќа смеа,
смеа, оти солзи немам...
И се’ околу мене ечи од смеа,
додека во рацете ми лежат неколку тажни парчиња душа.

[img][/img]