ПЛАТЕНА СПОРТСКА ПРОГРАМА

Day 2,134, 13:36 Published in North Macedonia Mexico by darko888


Министерството за спорт на Македонија ги повикува сите кои се заинтересирани и сите оние кои имаат желба за играње на кошарка да се обратат кај UNISTUVAC MKD или кај IronLionMK за повеќе информации.
Играењето на ваков вид утакмици по кошарка помеѓу играчите на Ерепублик трае повеќе од една година. Во летниот период утакмиците се играат на отворено а во зимскиот период и период со неповолни временски услови се играе во сала. Па така од Октомври утакмиците ќе се одржуваат во сала во Кисела Вода од 21😮O до 22:30h во Вторник или Четврток или двете термини доколку не се најде уште една сала на друго место и ден.
За целосната организација ќе бидат известени во групна порака на Ерепублик сите оние кои се заинтересирани а целта на ваквите утакмици ќе биде дружењето. Организаторите ветуваат дека после играта обавезно ќе има и организирање на пијачка(собиранка).
Од организацијата велат:
Играта што здосади, здосади, затоа дружбата ја носиме и надвор од неа.
ГАЛЕРИЈА