ПОД ИТНО! -НАП со еГрција, и МПП со Албанија!

Day 2,105, 06:23 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Патриотизам е да се сака својата земја и да се знае како да се зачува истата на еден мудар и флексибилен начин. Местоположбата на Македонија е таква да мораме да градиме позитивна клима со соседите па дури и со грците доколку сакаме да не има. Тоа е патриотизам!

Овде патриотизам не гледам! Во играва гледам еден болен инфантилен инает, омраза и крајна незрелост, нешто што слободно може да се протолкува како болен национализам(сосема непотребен во играва), но ете ние од незнаење или по грешка си го викаме "патриотизам"
Најгласни во еМКД изгледа се вториве погубните националисти кои за себе сметаат дека нивниот национализам е всушност патриотизам. Бидејки не сум сретнал весник што јавно ке проговори и ке го подготви емакедонецот за реалноста( како стојат нештата)решив јас да напишам збор два за тоа како гледам на сегашнава состојба.

еМакедонија долго беше управувана од еСрбија. Да не се лажеме! Таа ни ја диктираше политиката и стратегијата(кога и дали да војуваме, со кого и каде, која територија да земеме, која да ја отстапиме на нив, дали да се повлечеме) се дури не пукна стомната т.е дури не се изморија од нас. Сега кога србоманите во е МКД се без глава, освен што не нудат решение а само плачат по сојузници и плукаат по Плато, тие дополнително внесуваат смут за тоа кој е патот по кој треба да оди еМакедонија.

Решенијата се едноставни.
Прво: Итно нашата влада да понуди НАП со еГрција, на сите нормални играчи ни е збактисано од војна со нив, ем залудно трошиме ресурси ем со години тапкаме во место, ем непотребно билдаме негативна енергија-сосема непотребно
Второ: Итно да се воспостави пријателски однос со еАлбанија. Мораме да сватиме оти доколку сакаме да не има, мораме да градиме добрососедски однос со мнозинството соседи, тоа е вистински патриотизам, а не предавство како што некои фаталисти и самонаречени фаци сакаатд а го толкуваат!

Овие две работи не смеат да бидат табу и за нив треба секоја наредна влада отворено да зборува и да го подготвува народот, да му објасни трпеливо, оти има деца кои тоа не го свакаат, а не кога ке бидат откриени како во примерот да се однесуваат како виновници. За жал ЦП-то иако водел таква политика, одкога беше обелоденет, наместо да излезе со статија да објасни зошто и како го прави тоа, тој, почна да се правда и навредува оставајки впечаток дека чувствува вина, иако сите карти се на негова страна.

Мораме да изградиме навистина патриотска стратегија доколку сакаме да не има!Едни од решенијата се и горенаведениве две точки. еСловенија е мала земја, и ние можеме многу да научиме од нив како навистина се сака сопствената земја како и од сојузот на еГрција и еТурција. За жал, или не ни се сака, или сме опкружени со идиоти чиј капацитет оддамна го допрел плафонот. Трето нема!