[МНР на Македонија] Новости во еСветот

Day 2,062, 08:03 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонијо,

Одиме по ред со извештајот:
Знаеме во каква состојба се наоѓа нашиот сојуз моментално, сепак се трудиме да пружиме поголем отпор и да застанеме на свои нозе. Предавањето никогаш не било а нема ниту сега да биде опција.



Прва точка : Промена на CoT.HQ

Сменето е раководството на нашата алијанса:

Врховен командант: Aliss Wonder
Врховен командант: PyroSG
Воен командант: Squibeel

Гувернер: chukcha
Односи со јавноста: kalkir, Coyolxauhqui V

Ова се луѓето што ке го водат сојузот овој месец. Се надеваме дека ќе бидат поактивни од претходните, а со самото тоа ќе почнеме да нижеме и подобри резултати.



Втора точка: ПТО во Белгија

Голем срам е наши играчи да се обидуваат да направат ПТО над Белгија, земја која е наш сојузник и е членка на CoT.
Нормално нема да седиме со скрстени раце и веднаш пративме АТО тим за да се спречи оваа глупост. Очекуваме полна подршка од ваша страна. Во ред е секој да ја игра играва како ја сфаќа, меѓутоа нема да е лошо за сите нас да бидете малку претпазливи со изборот 😃 за да не си ги расипуваме со сила веќе докажаните пријателства.



Трета и најинтересна точка деновиве: Проблемите во TWO

Не успеаа да издржат сплотени ниту половина лето. Се докажа дека сојуз кој што е заснован на штета е тотална погрешка од старт. Изгледа дека TWO има доста големи внатрешни проблеми кога секоја нов ден осознаваме по некоја нова интрига во стротивниот табор.
Скандалите започнаа кога поранешниот претседател на Србија Strider 83 започна да ја користи поговоркана на Макијавели "Целта ги оправдува сретствата." И така Strider реши дека е време да го преземе престолот во негови раце. 😃 Меѓутоа општо познато е дека не се согласија сите со неговата одлука. Прв негодување изрази словенечкиот претседател во овој артикл, а по него се јави и Претседателот на Полска. Тука можете да го прочитате неговото мислење околу случајов.

Вториот гооолем проблем на дотичниот сојуз е Шпанија, која како членка на TWO има МПП со сите земји од суб алијансата на CoT, наречена ROLA. Како последица на тоа Шпанија се соочи со жестоки реакции и критики, но оправдувањето на нивната влада пред сојузот е дека тие немаат влијание врз одлуките на шпанскиот конгрес. А шпанскиот конгрес вели дека Шпанците не сакаат да си уништат долгогодишното пријателство со Бразил, Чиле, Мексико, Парагвај и Перу.
Сепак јас стојам до мојата теза дека сржта на целиот проблем е во желбата на Србија да ја донесе Аргентина во сојузот, која пак како што знаеме е смртен непријател на Чиле и Шпанија.
Тука можете да прочитате за ставот на Полска за ситуацијата во која се наоѓа Шпанија, каде што Полска продолжува да му дава потполна подршка на својот сојузник.

Во наредниве статии можете да ги прочитате мислењата на играчи од различни држави членки на TWO.


España es un insulto a TWO / Spain is an insult to TWO

[ESP/ENG VERSION] Ridiculo TWO
Portugal's NAP [Polandball]
Siddy's manipulations [personal logs]




Четврта и исто така доста интересна точка: Нов Сојуз !

Сето ова се само шпекулации сега за сега. Официјална потврда или став немаме добиено од никого, очигледно работите се држат во тајност додека да се констатира дали има добра основа за нов почеток или сето тоа ќе остане само како нечија идеја.
Наша претпоставка е дека земја основач би била Хрватска, а би и се придружиле и останатите поранешни ЕДЕН членки кои после распадот на ЕДЕН останаа неутрални.
Знаеме дека имаат одржано еден состанок каде што ништо не успеале да се договорат. Дали тоа ќе се искорегира во иднина останува да видиме и да успееме да извлечеме максимална корист од целата ситуација.

Амбасадорите работат во полн ек, мофа тимот исто така...
Заборавивме да споменеме уште една многу битна информација. Македонија од овој месец е побогата со уште еден сојузник, Франција !!!
Ќе го дадеме сите заедно својот максимум да им покажеме дека не погрешивме што го обновивме ова пријателство.



Hail Macedonian French friendship \o/


Се читаме со нови информации наскоро.



Со Почит
Chucky001 и Aliss