Неколку факти

Day 2,042, 19:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Факт е дека сме во послабиот сојуз кој порано или подоцна ќе се распадне.

Факт е дека нема взаемна доверба помеѓу членките на КоТ со неколку исклучоци - ние на пример сме докрај заедно со Бугарија, Чиле, Индонезија, Мексико, Парагвај без оглед на се. Зошто таков заклучок? Кога се бришеа земји од ТЕДЕН не беше проблем за играчите да земат државјанство од земја-сојузник со 10/10 ресурси, а сега јас зедов Американско со врски, а Бразилско не ми дадоа. Порано немав никаков проблем кога барав бугарско и/или српско.

Факт е дека и Србите и Хрватите во добар процент не мразат. Тоа најдобро се виде во случајот со Пакистан - наместо Србите да не остават да сме близу до Хрватите и да сме им закана, тие се распукаа за Пакистан како да ја нападнал некој Војводина. Шутраци.

Факт е дека Пакистан ги изигра Србите потпишувајќи МПП со Хрватска.

Факт е дека Полска ги држи конците во свои раце, ама Србиве не можат или не сакаат да го видат тоа. Полска има преќутно МПП со Хрватска, а имаше од порано и со Грција.

Факт е дека играва изумира. Плато сам си е крив.