Запознај го Букефал од моја перспектива

Day 1,901, 15:59 Published in North Macedonia North Macedonia by ZecOrigins

Решив да напишам една статија за кандидатот на следните избори BucephalusIII. Пред се статијата ја пишувам како другар спрема другар за да му помогнам луѓето односно играчите да го запознат подобро и онака како што јас го познавам...
Најпрво моето мислење за него, а тоа гласи:
Тој пред се е човек кој поминува доста време пред ерепаблик што е многу битно за еден ЦП.
Букефал е возрасен и стабилен човек што своите идеи и планови не ги менува на 2минути, и во последниве неколку месеци од кога го знам тој редовно е во секоја влада, што значи политички е супер поткован, 2пати МОД, 1 мофа, неколку пати советник, 4 пати конгресмен, а зошто да не и ЦП сега?
Пред се ја верувам дека тој не оди за ЦП само поради медалот, туку оди за да и помогне на еМакедонија да излезе на правиот пат по кој сега полека полека се враќа.
Букефал го знам и како човек кој има многу донирано за еМакедонија во кризните моменти, додека повеќето плукаа по тогашните ЦП-а , Тој со сите сили ке најдеше нешто и ке помогнеше за ситуацијата да се подобри, незнам како али му успева... СЕКОЈА ЧЕСТ.
И уште збор, два за тимот... Тимот е составен од искусни играчи кои ја познаваат политиката која се води внатре и однадвор, секој си ја знае својата функција и знае за што е способен да сработи.. За повеќе информации во неговата кандидатура ->

Претседателска кандидатура [BucephalusIII]

http://www.erepublik.com/en/article/-bucephalusiii-1-2201161/1/20

Буце е бренд бе брат... Со среќа о/