Кандидатура за конгресмен
niko.sekov
Еве и јас по подолго време откако сум во играва решив да се вклучам малку во ’’политика’’ преку мојата кандидатура за конгресмен. Нити во играва, нити во реалниот живот никогаш и ништо на никого не сум му ветувал а притоа да не го исполнам. Искрено и тука ќе ви кажам дека нема да ветувам ресурси 10/10 да давам тенкови или храна за глас или слично само едно нешто ќе ветам ЧЕСНО И ПОШТЕНО ќе си ја одработам задачата и толку од мене кој може и сака да поддржи искрен и чесен играч за позицијава нека повели нека го даде својот глас за мене, а јас ветувам дека нема да ја изиграм неговата доверба.
поздрав и се најдобро мои соиграчи е-Македонци!
Comments