БејбиБум - Да или Не ?!

Day 1,845, 18:19 Published in North Macedonia North Macedonia by NlKoLa MaCeDoN

Вечерва нашиот еТатко излезе со статија и праша дали сакате нов БејбиБум?

БејбиБум секогаш ама баш СЕКОГАШ е добредојден. Но, дали сме спремни за нов БејбиБум? Моментално ситуацијава во играва е малце сложена за новите играчи! Не малце, туку малце повеќе! 🙂

Сложено е и тешко е, затоа што нема никаква економија!
За едно ебебе да почне да функционира потребно е секој ден да пука барем за Дневна Наредба, со што ќе добие базука и чоколадо, па понатаму ќе може да брка БХ медали кој остана единствениот начин во играва за заработка! Сакале прифатете или не, реалноста е таа.

Но за да испука за ДО потребни се 7-8 Q7 тенкови и околу 700-800 здравје.
Што во превод значи околу 200МКД дневно.
Моментална плата на пазарот е 18МКД. НЕМА НИ ЗА ЛЕБ! Од каде ќе најде уште 150-170 МКД за тенкови ??

Ако мислите да правиме БејбиБум, препорачувам претходно да се направат ОГРОМНИ ДОНАЦИИ што би биле складирани во некој од магацините на постабилните играчи и кога би направиле БејбиБум би ги пречекале новите еБебиња со полни раце тенкови и храна. Исто така Министерството за Образование (ако постои уште) ОДМА АМА ОДМА да се заангажира и да изготви 2-3 туторијали за новите бебиња. За да можат полесно да се прилагодат на играта.

Друга работа во играва моментално има многу играчи во Прва и Втора Дивизија, што буквално немаат ни денар, ни тенк, ни леб. Па подобро е да се погрижиме тие да ПОРАСНАТ, одколку да внесуваме нови луѓе кои брзо би се откажале од играва поради тоа што немаат пари ни за леб ни за оружје за пукање па одма им станува досадна.

Ова е мое мислење и мој предлог.
Доколку не ви се свиѓа не мора да го прифатите и да ме тролате!

П.С. sarmetina статијава во никој случај не е напишана против тебе! Да не се разбериме погрешно. 🙂

Поздрав,
NlKoLa MaCeDoN