Територијална поделба

Day 1,845, 06:14 Published in North Macedonia North Macedonia by M.I.K

Ова е репост (со мали додавки и модификации) на статија која излезе вчера од профилот на FamilyAerodrom, во која имаше само фактичка статистика за процентите на Македонците и сограѓаните Албанци во западна Македонија пред територијалната поделба во 2005 и после неа. Некому тоа му сметало и решил да ја пријави.

Статијата беше избришана набрзо од неразјаснети причини.
Затоа ја реобјавувам во име на вистината.


Година 2005.

Годината кога САД не признаа под уставно име, на само 2 дена пред одржувањето на референдумот со кој Македонија требаше да ја спречи поделбата на својата територија меѓу сограѓаните Албанци и Македонците.

Територијалната поделба која најверојатно беше создадена од надвор, а требаше да ја реализираат тогашните Претседател и Премиер на РМ, со која на речиси сите општини во Западна Македонија треба да им се смени етнографската слика, за да станат општини со доминантно Албанско население.
Нормално, референдумот не успеа поради настанатата ЕУфорија од признавањето на САД иако според сите анкети и расположението помеѓу населението, имаше сериозни индиции дека ќе успее и покрај огромната пропаганда на тогашната власт против тој референдум.
А за да се потсетиме на размерите на таа пропаганда ќе направиме една мала паралела.
Тогашните медиуми вриеа од спотови против тој референдум и против организаторите на тој референдум, како што денес вријат реклами и спотови за направени улици, фонтанички, сечење црвени ленти во глобала и нормално против...му го знаете името.

Останатото е историја која кулминираше деновиве со сосема легитимната, но не наивна и без длабока порака, прослава на 100 години од Албанското знаме.
Дури и шизикот со калашот „играчка“ кој стоеше на жардињерите на булеварот, не беше случајно застанат баш таму.
Практично, другарите си ја обележаа територијата и си го продолжија сонот кој официјално им започна во 2001ва.



ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА ДОНЕСЕНА ВО 2005 ГОДИНА

1. Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново се намали бројот на Македонците на 19,77%. Со ова одредбите од Рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство.

2. Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар.

3. Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%, а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.

4. На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важното македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.

5. На Општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското поле) и се придодаде општината Житоше па бројот на Македонци се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени стана предоминантно муслиманска општина.

6. Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се оддалечени и повеќе од 20 км од него.


Во територијалната поделба беше опфатена и општина Кичево со доминантно Македонско население, на која требаше да и се додаде општина Зајас за да Македонското население падне под 50%.
Но поради жестоките немири кои избувнаа во Струга против територијална поделба на РМ и од кои тогашниот премиер на владата, кој дојде во Струга да ја убедува разбеснетата толпа дека поделбата е за доброто на РМ, едвај спаси жива глава, откако жестоко реагираше многубројната специјална полиција која дури после 2 саати успеа да го извади тогашниот премиер надвор од градот.
За жал поделбата на Кичево беше САМО одложена за 5 или 10 години.


Деновиве дојде цехот да се плати и можеме да видиме дека таму се вее Албанското знаме на јарбол предвиден за државното знаме.



-Факт е дека однесуваме кон државава многу ноншалантно.
-Можеби тоа е ок и кул.
-Можеби и не заслужуваме своја држава.
-Можеби време е да ја затвориме државава и да бидеме авангарда која ќе укине државност, граници, национални симболи и националности и ќе биде прва територија која ќе нема национално име и ќе се нарекува Првата Авангардна Територија на Планетата Земја населена со Првите Авангардни Земјани.
Што знам.