[МНР Македонија] Двомесечен Отчет

Day 1,841, 12:07 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija





Браќа и сестри

Најпрвин би сакал да истакнам дека овој отчет е за последните 2 месеци поради тоа што МОФА тимот остана ист, непроменет.

Последниве 2 месеци за Македонија беа доста тешки и напорни особено од областа на надворешната политика.
Сите дипломатски врски беа подигнати буквално од нула. Имавме воспоставување на нови дипломатски зајакнати односи со стари сојузници како Унгарија. Сите недоразбирања беа надминати со што резултатите беа повеќе од очигледни пред се на Воен План.
Беа обновени стари изгубени МППа како тоа со Мексико и последното со Шпанија.

Ние сметаме дека доста направивме и дека сета таа напорна работа ќе даде и резултати пред се на долгорочен план бидејќи работевме со таква агенда.

Да не должиме многу да ви претставиме дел од сработеното:

-Македонија-Србија/Унгарија
Склучување на договор со кој што овие три земји се обврзуваат на воена помош без разлика во кој сојуз ќе се приклучат.

-Македонија – Шпанија
Многу од народот не очекуваше дека ќе го обновиме МПП-то со Шпанија но позади ова обновување е постигнат договор помеѓу двете страни со кои се обврзуваат на воена помош.
Ставено е до знаење на Шпанската влада доколку продолжат да водат стари политики под итно се прекинува секаква соработка и помош со нив и се враќаме по старо!

-Македонија – Словенија
Со оваа земја сме имале доста проблеми, како што ве известивме претходно постигнавме договор но за жал МПП нема да има. Им беше кажано они да пуштат МПП но за жал одбија под изговор дека нас ни треба помош и поради тоа ние да пуштиме први. После ова решивме да ги затвориме односите со Словенија и пуштање МПП од наша страна нема да има освен ако нареден претседател и МОФА не одлучат поинаку.

-Македонија - Бугарија
Со нашите прилично нови и најверни сојузници односите се доведени до перфекција и функционираме буквално како едно.

-Македонија - Индонезија
Беше формирана Алијанса - LiGAP ( Lions and Garuda Alliance Pact ) и минатиот месец оваа Алијанса даде солидни резултати посебно во истерувањето на Романија во Азија и наше стационирање во Албанија во период кога цел ЕДЕН маваше против нас.

Во изминатиов месец Македонија и Индонезија - LiGAP станаа полноправни членки во CoT - Circle of Trust Алијансата. Досега оваа Алијанса фунционира перфектно и победува на сите фронтови, интересот за проширување е зголемен а во иднина се очекува во истата да влезат и уште неколку појаки еДржави.

Отворени се преговори за нови МППа во иднина, за некои дури и невозможни. Генералната политика на играва ни ја диктира таа игра така да во иднина може да се очекува МПП и со Русија, Бразил, САД , како земји кои изразија желба исто да бидат дел од CoT семејството.

Работата на Министерството ја оставаме на наредни гарнитури со надеж дека пред се ќе продолжат со напорната работа и истата ќе ја сфатат доволно сериозно како и ние.
На било која наредна гарнитура без разлика од која политичка опција се, отворено стоиме за било каква помош во иднина без никакви предрасуди затоа што Заедно, сплотени и Обединети сме најсилни.

MoFA
BlackMK







За Шаут
[МНР Македонија] Двомесечен Отчет
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2169463/1/20