ВИЦОВИ :)

Day 1,841, 10:09 Published in North Macedonia North Macedonia by WajaX

· Синот: Мамо ти ме излажа...
Мајката: Кога сине ?
Синот: Ти ми кажа дека мојот помал брат е АНГЕЛ ?
Мајката: Да така ти кажав..
Синот: Тогаш зошто не леташе кога го фрлив низ БАЛКОНОТ?

· Ќерката - Мамо, мамо, Гоце ми го покажа ку*ето!!!
Мајката - Како не му е срам!!!
Ќерката - Како кикиритка му е...
Мајката низ насмевка - Толку малецко?!?!?
Ќерката - Не, толку солено !

· Крајот на светот е на 21 Декември 2012
- Ќе се обработува на 5 Јануари 2013

· Душо, си одела ли со некој пред мене?
- Не срце. Сите имаа коли.

· Седи мачка на ограда и пуши...
По некое време проаѓа една баба и и вика:
- Пис мачкооооо
А мачката крева два прста и и возвраќа :
- Peace бабо...

· Синот ја прашува мајката:
„Мамо, зошто на тетка Мица ќерка и се вика Ружа?“
„Па, затоа што тетка Мица многу сакала цвеќе.“
„А, мамо, мамо ти што си сакала многу.“
„Е, Стојко навистина си досаден, престани веќе со тие глупави прашања.“

· Наставничката ги прашува учениците:
- Ајде некој да ми каже некоја случајност.
Малиот Трпе станува и кажува:
- Мајка ми и татко ми се венчале на ист ден

· Мали Џокица: Мамо , мамо учителката постави прашање само јас го знаев!
Мајката: Браво бе Џокица, а што праша учителката?
Мали Џокица: Кој го скрши прозорецот…

· Седи некој човек покрај река, фрла цигла во вода и се чуди:
- Нема логика!
Го гледа некој рибар, доаѓа до него и го прашува:
- Што бе, човеку нема логика?
- Нема логика четвртаста цигла кога ќе ја фрлам во вода, прави кругови...

· Разговараат двајца пријатели:
- Како е кај вас на работа?
- Исто каков во Вип!
- Опаа, значи лапате добри пари.
- Не бе, нула денари по минута.