[МНР еМакедонија] Прво обраќање

Day 1,721, 11:15 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,
Не е тајна дека ни претстои тежок месец. Можеби и еден од најтешките во оваа година. Бидејќи, да се сочува и унапреди нешто е многу полесно од неговото создавање. На руините на нашиот поранешен драг сојуз во кој ги вложувавме сите надежи, потребно е повторно да се обединиме и да издигнеме една заедница. А тоа не е лесно. Да се заборави минатото кое ни оставило толку спомени, и кое толку многу не сплотило, дефинитивно не е лесно.

Гордо велиме дека ОНЕ уште од почетокот беше една прекрасна заедница базирана на почитување, пријателство и љубов помеѓу земјите членки. Со текот на времето прерасна во една фамилија, која и покрај недоразбирањата, успеваше да ја задржи хармонијата, секогаш ставајќи го пријателството на прво место; фамилија која умееше да дејствува на дипломатски начин во која било ситуација. Нашите цели беа поинакви, колку и нелогично да им звучи на нашите противници, ОНЕ никогаш не се засноваше на личен интерес. Напротив, сите членки во одреден момент мораше да се пожртвуваат за нивните сојузници и пријатели, несебично подавајќи им рака на пријателите во најтешките моменти.

Научивме да се почитуваме, сакаме, помагаме, да опстануваме во една игра; заедно, сплотени, мислејќи дека на тоа нема да дојде крај. Распадот на ОНЕ беше, иако очекувана, една тажна вест за сите. Едноставно, со месеци владееше деорганизација и постепено бледнеење на движечките цели на нашиот сојуз. Земјите со кои споделувавме тага, радост, победи и порази, мигови кога не постоевме на мапата, мигови кога бевме надмоќни, и целиот е-свет ни беше на дланка... ќе бидат убави спомени од кои ни ги донесе честа да бидеме дел од оваа фамилија. Сега, во месецов кој ќе биде пресуден за иднината на нашата е-држава во иднина, сакаме да потенцираме дека нашите довчерашни официјални сојузници нема да бидат заборавени, напротив, со истите ќе се обидеме да изградиме ново, но силно и прогресивно семејство, на уште поцврст темел.


Целите на еМакедонија овој месец во поглед на надворешната политика ќе бидат многубројни. Главна цел на ова министерство ќе биде интегрирањето на еМакедонија во меѓународните структури, со можност за избор бидејќи секој чекор може да биде многу важен за иднината на еМакедонија. Затоа, овој месец се потребни многу внимателни потези, и за таа цел, го замолуваме целиот македонски народ да соработува со ова министерство. Е-владите кои овој месец ќе настапат на политичката е-сцена ќе бидат оние кои ќе ја диктираат иднината на својата е-земја. Имајте во предвид дека моменталната влада не е гласот на целиот народ.
Тимот кој месецов ќе работи во областа на надворешната политика на еМакедонија е:
Princess Emily, DarkoDimovski1, Admiral Trench, Wendy Power, Angelique.A и Palavec.
Вашата помош е добредојдена, па затоа, за секое прашање, предлог или забелешка, или пак доколку имате познаници од друга е-држава, ве молиме обратете ни се по приватна порака, или добредојдени сте на официјалниот канал на МНР: #emkd-mofa на rizon.



Со почит,
МНР еМакедонија