Со слога до успех!

Day 1,697, 05:41 Published in North Macedonia North Macedonia by TheDarec

Во првиот дел на мојата статија малку ке се задржам на случувањата во МКД во последниот период а потоа да дадам неколку предлози кои се надевам може да се искористат за доброто на нашата татковина.
Ова што се случува во еМакедонија последниот период е трагично! Што се случи со Македонија која беше вистинска светска сила? Македонија која со недели ја држеше Грција под окупација, ги бришевме од мапата кога ке посакавме, си игравме со нив како со мали деца па ни досади тоа па правевме планови и бевме навистина спремни да стигне дури до Пекинг?
Секогаш имало падови, и тоагаш имаше проблеми но Македонија беше сложна, обединета и почитувана.

А каде стигнавме сега?
Пред неколку денови за ослободувањето на Тирана ни беше виновна Србија, а кој ни е виновен денес? Неколку денови не можеме да се организираме да вратиме еден регион на Албанија. Ослободувањето на Тирана беше наречено војна помеќу Македонија и Србија, а како да го наречеме ова денес? Ова е трагично! Јас сваќам дека има неинформирани но не сваќам да има толку ретардирани па да не може да профатат една обична наредба и да сватат дека сепак се работи за доброто на Македонија.
Секој ден гледаме како некој со некого се расправа, некој некого навредува, лечи комнплекси на играва... Секој ден гледаме како некој е ограбен од македонец, како некој поради некого ја напушта МКД и зема друго државјанство. Стотици Македонци ја напуштија Македонија, некои поради печалба некои поради горе наведените причини.
Конгресмен најлесно се станува со купување на гласови, значи секој може да биде конгресмен и потоа за неколку голд да дава државјанства на тролови како smee again.

Мислам дека е време ова лудило да престане, конечно да се обединиме и да помогнеме Македонија да ја врати онаа стара слава и повторно да биде силна и моќна империја!
Значи, најважна е слогата. Како што е и насловот на статијава токму слогата не направи вистинска сила а еве до каде не донесе неслогата.

Јас сакам да дадам и неколку предлози како до посилна Македонија.

1. Што побрзо да се реализира планот на Voix за државна армија.
Кој не е запознат со ова прашање нека ги прочита статиите на Voix of Macedonia.

2. Реактивирање на стари јузери.
Замислете што значи кога некое бебе наместо за пола година да стигне до 30 левел да се земе акаунт со над 30ти левел и 5000 сила. 20-30 такви јузери значително би ја зголемиле воената моќ на Македонија.

3. Враќање на печалбарите.
Голем дел од нив и сега се борат за Македонија но многу поради True Patriot или други причини својот инфлуенс го даваат на други држави. Време е да се надминат сите разлики и сите војници да се вратат во својата вистинска татковина. Видете само колкав е бројот на македонци со полско државјанство, и барем тие по она што се случи со Полска треба што побрзо да се вратат во МКД.

4. Базука и ракета тим.
Можеби јас не сум во тек но веќе месеци немам видено да се организира базука тим, па и удари има многу ретко. Со ударите правилно се распределува инфлуенсот кога најмногу е потребно.
И многу жажно е да се направи тим од играчи кои ке може да испукаат по 1-2 ракети во важни битки. Тука треба да помогне државата со оружје за правење на ракетите. 10 играчи само од ракети да испукаат по 500 000 нема да изгубиме битка!

5. Награда и казна.
Секоја чест на тие кои ја користат зимницата во вистинско време и без разлика дали со тоа ке освојат БХ или КХ. Мислам дека за нив треба да следува и соодветна награда во знак на благодарност и се разбира да ги мотивира и за друг пат да може да го направат истото, како и да се даде промер за други да го направат тоа...
За ПРЦачите 1-2 опомени и потоа да следува казна. Немам размислувано за тоа каква казна би можело да следува но може да се смисли нешто...

На кој му се допаѓа молам за претплата, глас и извик. поз