Има една земја на ридестиот Балкан!

Day 1,665, 02:49 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

Има една земја на ридестиот Балкан!


На Балканот има една земја која се граничи сама со себе.

Каде живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа.

Каде незапослените најмногу работат.

Каде на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат.

Каде возовите каснат по возен ред.

Каде сите играат фудбал, а победуваат во ракомет, кошарка, ватерполо или одбојка.

Каде сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време.

Каде осумчасовното работно време трае најмногу два-три часа.

Каде здравството е бесплатно, а лекувањето прескапо.

Каде светската криза добила државјанство.

Каде јавните набавки се тајни, а државните тајни – јавни.

Каде војните никогаш не завршуваат.

Каде историјата се повторува секој ден.

Каде најбогати се оние кои никогаш не работеле.

Каде странска валута се користи повеќе од домашната.

Каде луѓето слават слави, а пцујат по Бога.

Каде паметните се прогласуваат за лудаци, а лудите за способни.

Каде неписмените ја пишуваат историјата.

Каде законите се незаконски, а анархијата нормална состојба.

Каде власта ги презира граѓаните како несакани сведоци.

Каде народот живее од минатото, бидејќи на сегашноста нема право.

Каде луѓето се поздравуваат со: „Кај си бе да те ебам!“

Каде судските постапки траат подолго од животот.

Каде само поплавите се начин за наводнување на земјиштето.

Каде сите се разбираат во Лига на шампиони, Чешка кошарка, Норвешки хокеј...., а во кладилница едвај и вратата можат да ја погодат.


На која земја и да помисли.....си погодил!!!!