Престапна година !

Day 1,625, 14:56 Published in North Macedonia Greece by IvanMUFC

Зачуден од најновите случувања во спортот, решив да пишам една статија.
На меѓународна сцена. Малку фали Брајан Скалабрајн да го замени Дерек Роус на позиција кец или плејмејкер, Делио Роси место q6 дели шамари на членови од неговата единица на канал. Торес постигна хет-трик во дресот на Челси. Ман Шити е на чекор да стане шампион на Англија. Колку и да имаат јак тим, со јаки играчи, сепак името на таков селски клуб не ти дозволува да ги наречеш шампиони. Вимболдон да се врати во Премиер Лига, и уште првата сезона да освојат нема да ми биде чудно.
Во домашните првенства. МЗТ стана шампион за прв пат во историјата на клубот. Низ годините колку што пратам мак кошарка, никогаш не сум помислил дека МЗТ ќе биде шампион. Секоја чест за сезонава, си изиграа како што треба, само се ова е ново и чудно. Неколку саати пред финалето, абер стигна дека некаде во Македонијава ќе се игра уште едно финале. Финале од Купот на Македонија. Место најголем фубалски празник, легитимната установа за уништување на Македонскиот фудбал, наречена ФФМ, го направи овој натпревар како да се игра за трето место, на Велигденски турнир во мал фудбал во с. Долно Соње. Ако на првиот Македонски фудбалски Куп, голот во последните минути го запали Запад и Градски, а ги фрли во очај Чкембарите од другата страна, оваа година 4тите гола ги зачуди 300те случајните минувачи, кои ни тие незнаат како, се нашле на Штипската арена. А ти чуда гле, финале купа бре!!! За мизеријата да биде уште поголема, пехарот беше поставен на едно бедно масиче покриено со Македонското знаме. Ако на тоа се додаде и фактот што има призвук на рамковен победник тогаш самата вредност на купот за милион пути се деградира. Ако после поразот од Луксембург, си рековте, готово го достигнавме дното, сега може само нагоре да идеме, се лажете, Хари ни набави бушалица, како што имаше Брус Вилис у Армагендон, да идеме уште подлабоко каде никој нема стигнато. Надеж и јас имам, дека еден ден ќе пркнеме на фудбалски план, дека ќе се средат работите, па ќе гледаме и ние Лига Шампиони во живо. Аеродромци чекаа 20 години на трофејот, ќе почекаме и ние уште 20 за ова да се оствари.
🙂