[МНР] Приоритети + информативен билтен

Day 1,613, 09:02 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Месецов на воен план го започнавме доста турбулентно и неизвесно а бидејки во пресрет беа и Велигденските празници нашата активност на играва беше видно намалена. И покрај ова, успеавме да се одржеме на нозе и повторно да ги завладееме териториите на нашите јужни соседки.

На полето на дипломатијата нема некои поголеми промени, ниту пак конфликти во однос на еМакедонија но се случуваат доста интересни работи во Новиот Свет.
Постојано сме во координација со бугарските претставници со цел наш подобар перформанс на военото поле против еАтина и еТурција. Приоритет на еБугарија е сепак еТурција па во договор со нас тие ја прогласија истата за ПН и се изјаснија дека немаат претензии кон атинските региони па дури сакаат да ја прекинат војната со нив бидејки им е тешко на два фронта но тоа до денес не се случи благодарение на нашите успешни воени интервенции. Иако се соочува со тешки војни со овие две земји, еБугарија заедно со помошта на ONE и EPIC успева да ги задржи повеќето оригинални територии.

ПРИОРИТЕТИ НА МНР

- Русија -

Приоритет на македонската дипломатија овој период беше воспоставување на дипломатска комуникација со eРусија. Иако нивниот Претседател и повеќето од руската владата се срамежливи и речиси без зборови, комуникација сепак се оствари. Причината зошто се решивме на овој потег е дека многу стари руски играчи сеуште ја имаат носталгијата кон Phoenix сојузот а особено можноста за соработка со нив против еТурција бидејки и сами знаете дека еРусија и еТурција сега се најголеми непријатели и често се препукуваат. Воена соработка е можна но МПП и други активности засега се невозможни поради нашите спротивни сојузи.
Бидејки остваривме контакт со нив, тие испратија свој Амбасадор кај нас.

- Јужна Кореја -

Друга цел на МНР беше обновувањето на комуникацијата со еЈужна Кореја. Иако сме оддамна сојузници, сепак комуникацијата меѓу нашите две земји со тек на времето се намалила па затоа се решивме да ја обновиме истата како порано. Оваа земја има малубројна популација кои безрезервно им помагаат на своите сојузници меѓу кои и нашата земја. Подолго време се мачат со окупатори и не можат да ослободат регион,па поради тоа, еМакедонија ќе и помогни на еЈужна Кореја да ослободи регион и да добие Конгрес. Веројатно ќе се сетите на нашите заеднички воени подвизи пред неколку месеци кога нивната сегашна Претседателка KOR_Sohn истенка милиони за нас а македонски играчи организирано помогнаа да се ослободи нивен регион.
Освен за еЈужна Кореја, слична помош за ослободување е планирана и за еИран и еПакистан. Се надеваме македонската армија и цивилите ќе придонесат за нивно ослободување бидејки и трите земји го заслужуваат тоа.

Приоритетите се остварени, останува да видиме како ќе се одвиваат работите во деновите што доаѓаат.

АКТУЕЛНО ВО НОВИОТ СВЕТ:

- еБразил vs еРоманија -

еБразил се соочува со ПТО од страна на романска воена единица Nemesis чии членови добија колективно бразилско државјанство по препорака на романската влада. Романците се обидоа да навлезат во бразилскиот Конгрес на минатите избори и успеаја во тоа а истото го планираат и за овие конгресменски избори. Во еБразил постои строги критериуми и селекција кои се играчи можат да добијат државјанство бидејки истата е многу привлечна за многумина поради своите високи бонуси.
Бразилците неуспешно се обидоа да ги спречат романците во нивната намера преку кревање на востанија во регионите каде се кандидирани но романците сепак добија свои претставници во бразилскиот конгрес. еБразил упати протестна нота до романските власти и барање да оваа воена единица се врати во еРоманија но романците одговорија дека не можат да сторат ништо бидејки немале контрола врз таа единица иако тие првично дале гаранции за неа. еБразил не го обнови своето МПП со еРоманија (http://www.erepublik.com/en/main/law/Brazil/103648)

- еШведска vs еПолска -

Меѓу еПолска и еШведска настана сериозен конфликт. Спорната област се германските територии. еПолска со сегашниов состав е цврсто решена да брка 10/10 ресурси а за тоа и е потребен тнр “двоен тунел” преку еГерманија а еШведска во тоа време имаа тренинг војна со еГерманија каде добија и два ресурси за храна па со тоа ја блокира западната граница. Регионот Saxony беше мета на еПолска но бидејки шведскиот Претседател (кој е доста неактивен и на игра и на чет) не упатил напад на регион во рокот од 24 часа токму регионот Saxony бил автоматски нападнат од нивна страна. Поради тоа, некогашните браќа и најблиски сојузници започнаа вербално да се расправаат преку статии и шаути. Страстите се смирија откако ОНЕ реагираше и свика состанок но повторно избувнаа откако логот од состанокот беше објавен јавно и ситуацијата кулминираше кога најпознатиот полски МоФА Maniek_M објави провоцирачка статија па дури и пушти предлог за прогласување на еШведска за ПН (http://www.erepublik.com/en/main/law/Poland/103763) но и шведските претставници не останаа недоречени, особено кога шведски претставник во ОНЕ ја злоупотреби својата положба и ги смени наредбите.
еМакедонија беше решена да се постави како медијатор во спорот но се повлече бидејки може да се случи ситуација да мора да избереме страна а ние не сакаме да го направиме тоа бидејки сме во ист сојуз.

- еТурски ултиматум до еРусија -

еТурскиот Претседател c c c Stanko c c c a.k.a Stankovic Alexa и постави ултиматум на еРусија да престане да се бори против турците односно дека турците ќе почнат масовно да тенкаат против нив во иднина. Очигледно меѓусебната омраза и нетрпеливост си го направи своето и најверојатно повторно ќе никне војна помеѓу нив што би значело и крај на турските аспирации да станат членка на Terra (претходно им забранија членство во EDEN) а еРусија да биде избркана или да си замине од истата алијанса. Иако еТурција се прогласи за проЕДЕН и проТЕРА ориентирана и се сврте кон своите поранешни сојузници, русите упорно тенкаат против турците особено во еБугарија.
Покрај тоа, еУкраина како противник на еРусија во договор со еТурција пушти закон за ПН (http://www.erepublik.com/en/main/law/Ukraine/103930) со цел да им се осветат на русите и бугарите и да им помогнат на турците против бугарите со кои веќе извесно време имаат конфликти поради рентањето на нивните региони.
Во надоврзување на погоре кажаното, еРусија повеќе делува како да е неутрална земја отколку членка на Terra.Тој факт особено се потврдува во нејзината инволвираност во бугарските војни иако не смее да го прави тоа бидејки eТурција de facto е член на TEDEN. Таа се наоѓа на крстопат и во најскоро време ќе мора да одлучи кои ќе бидат нејзините позиции бидејки TEDEN им врши притисок да не им помагаат на бугарите туку да потпишат МПП со еТурција и да се борат против бугарите.

- еЧешка станува pro-ONE? -

- еЧешка наводно се прогласи за pro-ONE земја. Сепак, оваа информација повеќето ја прифаќаат со резерва поради нивното минато. еМакедонија беше меѓу првите земји кои склучија МПП со тогашна еЧехословачка па откако се распадна истата еСловачка се ориентираше pro-ONE а еЧешка ја превземаа pro-EDEN играчи. Од тогаш, редовно сојузништво имаме само со словаците кои очигледно се меѓу нашите најверни пријатели и сојузници, и обратно. МПП со еЧешка нема да потпишеме засега додека не се увериме колку се сериозни во намерата и секако доколку ОНЕ даде дозвола. Амбасадор на еЧешка за еМакедонија е нашиот Leader of Scorpions.

ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

- Софија под закана од турско робство -

Неофицијални информација е дека еТурција се обидува преку еБугарија да дојде до граница со еМакедонија и еСрбија и да нападне некоја од неа, особено еСрбија бидејки им биле “должници” за Косово. Колку е информацијата точна може само да претпоставуваме бидејки пред два дена Софија беше нападната од страна на еТурција. Истата битка беше приоритет во сите алијанси и изедначена до крајна рунда бидејки бугарите победија со 1800 наспрема 1720 за турците.

- еКипарска дилема -

еКипар наводно ќе се обиде да ја нападне еМакедонија но поради страв од губење на бонусите кои ги уживаат најверојатно тоа нема да го сторат. Напоменуваме дека ова се исто така неофицијални информации.

- Интерни проблеми во еИндонезија -

еИндонезија се соочуваше со доста внатрешни проблеми. Нивниот Претседател воопшто не беше активен а беше решен и да си отиде од функцијата па нивниот Конгрес пушти закон за разрешување (http://www.erepublik.com/en/main/law/Indonesia/103574). Иако сеуште неформално разрешен, второпласираниот кандидат започнал да спроведува своја политика па Конгресот го отфрлил законот за импич. Активноста и мобилноста на некогашниот заспан џин еИндонезија сега е драстично зголемена иако сеуште се во ситуација да не можат воено да нападнат некоја земја поради нивниот неформалниот устен договор со Кина но нивниот CP беспрекорно ја извршува својата функција.



Со Почит
МНР Македонија
Автор: PhoenixMK