Најсмешениот виц на светот

Day 1,541, 05:34 Published in North Macedonia North Macedonia by milevski

Играва не ни оди нешто па затоа решив да споделам со вас еден виц.
Овој виц беше избран за најсмешен виц пред неколку години во Проект опишан како најголемата научна студија за хуморот досега од британската Асоцијација за напредок на науката, која побара од корисниците на Интернет од целиот свет да ги кажат своите омилени вицеви и да ги оценуваат предложените.

Според два милиона оценки за 40.000 вица од 70 земји за најсмешен е прогласен следниот.

Двајца ловџии се во шума и едниот колабирал. На другиот му изгледало како да не диши, а очите му биле зјапнати, затоа преку мобилен испаничено повикува прва помош:

- Ало, мојот пријател е мртов! Што да правам?

Операторот од другата страна со смирен глас му вели:

- Не паничете, најпрвин мора да се увериме дека навистина е мртов...

Од другата страна се слуша истрел, а човекот вели:

- Добро, мртов е, што сега?



Истражувачите ги споредувале вицовите и заклучиле дека Ирците, Австралијците и Новозеланѓаните сакаат вицови со игра на зборови, Американците и Канаѓаните сакаат вицови за глупаци и за бракот, а Европејците сакаат надреални или вицеви во кои се потсмеваат на сериозните работи, како смртта, болеста или бракот.

Илустрација за европскиот вкус е следниот виц:

Оди човек на лекар и вели:

- Докторе синоќа направив фројдовска грешка. Вечерав со тештата и сакав да и кажам: "Подај ми го путерот те молам!", а и реков: "Краво глупава, ми го упропасти животот!".

Шкотите сакаат вицеви за смртта:

- Сакам да умрам спокојно во сон како дедо ми, а не врискајќи од страв како патниците во неговиот автобус.

Не заборавајте Суб да ставите...