Повторно околу Платите !

Day 1,482, 09:42 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
После подолго време решив да напишам статија
Повторно решив да направам мала анализа околу понудите на Плати во еМКД
Овие два дена поинтензивно ги следев понудите на Job Marketot а и целата претходна недела барем 3-4 пати во текот на денот по неколку минути бев присутен на истиот .Од прилика се потврди тоа што беше спомнато во повеќе статии.....на Јоб Маркетот во еМКД има 10-15 висичи кои буквално по повеќе од 10 часа со online и кои ја собираат преку 50% од работната сила во еМКД и уште една група од 30 сетина кои немаат толку слободно време и во одредени периоди од денот со цел да вработат што повеќе луѓе ги креваат платите до граница на рентабилност ! Така слободно може да се каже дека овие две групи и одредени појаки играчи кои повремено се вклучуваат во трката за вработени ги собираат преку 80% од слободната работна сила.Пред од прилика еден месец( акцијата на Шмекерот за намалување на платите) кога се дигна голема прашина и кога еOligarsite се пожалиа дека изгубиле големи пари од акцијаата на намалување на платите која беше со цел на смалување на вредноста на голдот . Тврдењето беше дека секаде Q5 tenkarite ги качуавале платите со цел ни една друга компанија да не може да прими вработени а тие преку енормиот број на вработени со мала разлика во цена да направат што поголем профит.Бидејќи од пред 10 тина дена и јас дојдов до Q5 tenkara ( ги проверив бенифитите од истата ) можам со полно право да ја критукувам моменталната ситуација а истовремено на секоја крититика мора да се даде предлог решение. Се разбира доколку Плато не преземе нешто и со некоја измена да ни ги реши проблемите .
Прво сакам да напоменам дека кога бевме под окупација од еГејците два дена бев во повардарие со цел да го ослободиме и при секое отварање на Job Marketot ги гледаш понудите за плати во Гејлада .Сакал или нејсакал морам да ги пофалам бидејќи понудите преку цел ден беа исти 125 драхми (една драџма горе доле ). Е драги господа тие со пет ресурси нудеа плати од 125 локални единици а ние со три имавме во моментот од 170 денари ( да ве потсетам вредноста на голдот и кај нас и кај нив е иста ). Значи кај нив нема некои тркачи по вработени а истовремено со тие плати прават ехтра профити а истовремено им се дава шанса и на играчите со послаби компании да вработат некој и тие на некој начин да се израдуваат 🙂. Значи не ви треба посебна математика тие со Q5 kompaniite дневно заработуваат по над 70-80 локални единици по вработен .Што значи немора да се тепаат за вработени доволно е секој да вработи по 15 сетина е ете ти чист 1голд 🙂 со 15 мин работа .Додека кај нас во борба за што повеќе вработени немаат време за го земат дигитронот и во одредени моменти господата прават профит и по 3-5 денари по вработен .Сега некој ќе рече па добро е 100 вработени по 4 денари 400 денари ?! да ама за да примиш 100 вработени ( деновиве видов како е 🙂 треба да имаш во секое време преку 40000 денари и огромен магацински простор за ресурси и едно мин 5 часа да висиш на Јоб Маркет или во превод голема инвестиција а мал профит . Но сето ова ќе поставам и прашање со секој попуст од еПлато се зголемуваа бројот на тенкари и играчи на Job Marketot и во еден момент здравје преку 70% од Емакедонците ќе ги имаат и кој кого тогаш ќе вработува !!!.Најлошото во оваа ситуации е што овие превисоки понуди на плати дирекно влијааат на цената на голдот а со тоа поскапи бустери за тренирање за сите а од друга страна огромен број на еМакедондци штедат и го чуваат голдот со надеж дека и тие ќе дојдат до тенкари и постанат еОлигарси што дирекно доведува до раст на истиот( никој не продава секој купува).
Мој предлог за средување на оваа ситуација е да седнат овие 40сетина главни играчи на маркетот и да донесат џетлеменски договор ( знам дека Шмекерот проба нешто да направи ама со македонец тешко се договара ) .Да се договори максимална плата во зависост од бројот на ресурси пример во оваа ситуација на 160 денари со оваа плата Q5 тенкарите и лебарите ке имаат груб профит од 70 сетина денари по вработен и секој џентлемски да вработи по 15 луѓе со понуда поголема од за 1 денар а да има понуда преку цел ден од 160 денари.Што значи оние што висат по цел ден покрај сигурните 15 може да вработат барем уште толку и да дојдат до 2голд профит а оние што немаат време имаат сигурни !! 15 вработени .Ова ќе доведе до ист или сличен профит за сите со помала мака а од друга страна сигурно еден куп луѓе ќе се вработат и во послаби компании Q4 I Q3 и конечно тие да дојдат до некое профитче.Сега ќе рече некој кај се тука работниците ќе мора тие да живееат со помала плата .
-со промената од пролет сите сме газди и од старт имаме компании .
-со врабтување на играчите во во повеќе различни компании ќе има поголема понуда и конкуренција а со тоа и поевтини цени на одредени проиводи
-поевтините проиводи ( доколку имаме повеќе ресурси) ќе значат и доаѓање на странци кои ќе го оставаат голдот тука а тоа ќе доведе до поевтин голд за тренирање со бустери и за купување на компании и делови од базука . Што значи помалата плата ќе се искомпензира
и дајте еден ИЗВИК ако се соглаусате