[ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО] ВТОРА еПУЛИЦЕРОВА НАГРАДА (НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА ОКТОМВРИ)

Day 1,442, 21:49 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Belgium by El1teBE


1. НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2011

Номинирани се (по азбучен редослед):

1. achkoeoeoe
Македонската Судбина
Интересна анализа. Негово видување за тоа како се движеа работите со еМакедонија во последниве неколку месеци. Дури и да не се сложува некој со него, мора да признае дека е статија која заслужува да биде прочитана.

2. AsT89
Економска анализа
Премногу underrated статија. Да бидам искрен, јас не ја ни забележав. Среќа што го имав за помош еден од личностите кои ќе бидат споменати подолу, што ми помогна да ја откријам. Мојот асистент ја опиша како „Суперекономска анализа со одлични идеи. Вложен е огромен труд во нејзе. Може не е напишана на најгенијален начин, ама е многу корисна.“ Мене не ми преостанува ништо друго освен да се сложам со овој коментар.

3. Chunihin
Првиот Baby boom. Тогаш и сега. ХАИЛ !
Статија која ќе те насмее, ќе те расплаче, ќе те орасположи и ќе те натажи, и се во исто време. На доста интелигентен и смешно - ироничен начин опишана еМакедонската историја. Генијално ја погодува целта!

4. Drashhh_III_Makedonski
[Drashhh] еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот и
[Drashhh] еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот - Новиот еЗавет
И покрај тоа што беше остро критикувана од некои од моите асистенти при составувањето на оваа листа, се одлучив сепак да ја ставам тука (да ГИ ставам, сепак, зошто се работи за две статии кои сочинуваат една целина) затоа што според мене, од литературен аспект е најдобар пример од неколкуте роденденски статии кои се појавија овој месец (Don Tas, lavcan, SaJrUs, Strumjanin...). Вреди затоа што е доста содржајна, интересна за читање и подложна на анализи.

5. Dushko Avramovski
[TOP 5] Клучот е свеста! Анализа на "Job Market"
Лауреатот од првиот месец се враќа повторно, овојпат можеби и посилен од претходниот пат. За разлика од статистиката која воодушевуваше претходниот пат, овојпат воодушевува визуелизацијата. Одзема здив...

6. i6or
ДОСТА БЕШЕ ТУРЦИЈА!!! СПРЕМИ СЕ ЗА ВОЈНА
„Се работи за одлична анализа, и во статијата го покажува неговиот генијален талент за анализирање, спојување на фактите и вадење на правилен заклучок. Заслужува признание за својата храброст јавно да ги објави работите. Статијата е политички напад, но самиот факт што ваква статија освои над 300 гласа, кажува дека има поддршка. Оваа статија треба да биде номинирана затоа што навистина заслужува, затоа што отвара едно ново поднебје, и неговиот личен став не треба да се смета како негативна страна.“ Апстрахирајте го контекстот на статијата...

7. Mehandzijski
[Механджијски]Косово - Малку школа!!!!
Гледајте ја статијава само како една убава приказна - исклучете ја историската позадина, и пак ќе сфатите дека е одлична статија... Проблемот што се потребни тројца лектори за да ги исправат сите грешки е минлив - Стенли Кјубрик беше гение, па намерно ги правеше грешките во своите филмови!

8. Strumjanin
TWO MAJOR INTERNATIONAL WARNINGS [ S T R ]
Одлична анализа на проблемот кој го предизвика еКосовското прашање и религиозните еРепублик војни.

9. tomibair
Поклонение кон големиот човек [TOMIBAIR]
Најискрената порака за Тоше која сум ја прочитал некаде. Едноставно, те остава без зборови!

10. Voix of Macedonia
The Gods of Macedonia! [VOIX]
Доста умешно, можеби помалку популистички (некаде дури и популизмот го сметаат за добра политичка доктрина) кокетира со еМакедонскиот народ и на интересен начин ги претставува тројцата најголеми тенкаши во еМакедонија (дури и на цел еРепублик, зошто статијава е и преведена на англиски и интернационална ТОП статија.)

СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ГЛАСАТЕ ВО КОМЕНТАР ЗА ВАШИОТ ФАВОРИТ ОД ОВИЕ 10!

[ПОЈАСНУВАЊЕ] Изборот на токму овие 10 статии падна по низа консултации и разговори со добитниците на наградите од претходниот месец - tomibair и Dushko Avramovski, и уште еден еМакедонец кој имаше специјална покана од мене во одлучувањето за номинираните, поради неговиот интелект и придонес за еМакедонија како во полето на новинарството, така и во политичката сцена на еМакедонија, личност која многу ја почитувам, а чие име ќе остане во тајност освен доколку самиот не изрази желба да биде откриен на јавноста. Во процесот на избор беа разгледани огромен број на статии, некои мои предлози, некои - нивни, и иако во одлуката мојот збор (како организатор на конкурсот) беше последен, сепак во голема мера се трудев да ги испочитувам нивните мислења. Овде морам да ги споменам и останатите статии кои беа разгледуани од наша страна, а за жал не влегоа во конкуренција за наградата (редоследот нема никакво значење):

- lazarosaMKD - Македонија е... МАКЕДОНИЈА.[lazarosaMKD]
- Antic Macedonia - Say my name Say MACEDONIA
- lavcan - [MOD] [LAVCAN] Завршно обраќање...
- MakedonecMKD - Туторијал за новите играчи!
- Lebarot - Струмjaнин ( подај рака )
- tomibair - Опасноста која демни [TOMIBAIR -ВАНЃА СТАЈЛ]
- DiplomatMk - Поздрав до јужниот сосед 😁)
- Achkoeoeo - [EDIT]АрАмии и нивни примања во минатото
- Voix of Macedonia - Former regions of Greece on Sale [VOIX]
- BlackMK - Тие што имате 4ка како заменска фoрма за буква во никот
- Don Tas - [Don Tas] Моите 365 дена еРепублик
- el1temkd - [EDITED] АНАЛИЗА НА КОНГРЕСОТ (КОЈ Е КОЈ?)
- Sosilaspikasdopulos - Kraker4e,Ziv ili Mrtov?! и Kraker4e,Ziv ili Mrtov?![PART 2]
- Boban Mitrovski - [Boban_M ]ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА И ФАМОЗНИОТ ММ
- SaJrUs - [SaJrUs] Two years from this sh*t !!! и
- el1temkd - Водич како да ја одје**ш жена ти додека играш еРепублик

Јавно им се заблагодарувам на сите овие луѓе што го направија македонскиот медиумски простор толку богат, како што всушност и беше октомври.

2. НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2011

Нема номинирани. Наградата ќе биде директно врачена за 3 дена на една личност која ќе ја одбере организаторот на изборов. Доколку имате свој предлог, би ви бил благодарен да го постирате во коментар.
_________________________________________________________________________________________________________
ВАЖНО: Ставовите искажани во статиите и видеото не се и мои лични ставови или ставови на било кој од членовите на Советот. Не значи дека и вие мора да се согласувате со нив за да гласате за нив. При изборот, ни беше битен текстот, а не контекстот. Или поточно - ни беше поважна формата, а не содржината.
_________________________________________________________________________________________________________



Победникот ќе биде одлучен по пат на гласање од страна на вас (ОСТАВАЈТЕ ВО КОМЕНТАР ЗА КОЈА ОД НОМИНИРАНИТЕ СТАТИИ ГЛАСАТЕ), и од страна на независно тело - Совет на еПулицеровата награда во кој членуваат донаторите на средства во буџетот за еПулицеровата награда, јас, Министрите за Информирање и Образование, (во случајов Mandanata, United Macedonia и MKD Foreverrr) како и тројца истакнати еМакедонци со специјална покана од моја страна (во случајов lazarosaMKD, Maya_The_Bee и Lance of Longinus. Соодносот на поените ќе биде 50% - Совет, 50% читатели (во случај на изедначен број на гласови - пресудни ќе бидат гласовите на Советот, односно, победник ќе биде статијата која добила повеќе гласови од Советот).

Фондот за награди за овој месец изнесува 14 254 MKD (многу подобра сума за разлика од претходниот пат).
ВО ФОНДОТ ДОНИРАЛЕ:
- el1temkd - 1000 MKD
- Sreers - 500 MKD
- MACEDONIAN T REX - 100 Q1 FOOD (продадено *0,66 = 66 MKD)
- Voix of Macedonia - 2000 MKD
- MKD Foreverrr - 50 MKD
- tomibair - 1500 MKD
- Beleski - 10 MKD
- Boban Mitrovski - 1000 MKD
- xf1r3f0Xx - 98 MKD
- ShadowStalkerr - 50 Q5 WEAPONS (продадени *32,90 = 1645 MKD)
- Aquilamk - 100 Q2 FOOD (продадено *1,28 = 128 MKD)
- Zlatko Kaskarevski - 1 GOLD (сменето за 1088 MKD)
- Alexander Macedon - 100 MKD
- GOOFYmkd - 300 MKD + 200 MKD
- bunkerboy - 2001 MKD
- elemennt - 800 MKD
- Toniey - 667 Q1 FOOD (продадено *0,65 = 433,55 MKD) и 250 Q2 FOOD (продадено *1,26 = 315 MKD) - (вкупно 748,55 MKD)
- Dushko Avramovski - 1000 MKD

[EDIT]: ДОКАЗ ДЕКА КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ РАБОТИ ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ, СИТЕ СМЕ СПЛОТЕНИ ВО ЕДНО. ГЛЕДАТЕ ДЕКА МЕЃУ ДОНАТОРИТЕ ИМА ЧЛЕНОВИ ОД МНОГУ РАЗЛИЧНИ ЕДИНИЦИ, КАКО И ДОНАЦИИ ОД ЦИВИЛНИ ЛИЦА, ОД ЛУЃЕ СО КОИ СИГУРНО ИМАМ ИЛИ СУМ ИМАЛ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА МНОГУ ПРАШАЊА, ОД ЛУЃЕ СО КОИ СУМ СЕ РАСПРАВАЛ ЗА НЕБИТНИ СТВАРИ, ОД ЛУЃЕ СО НАЈРАЗЛИЧНИ ПРОФИЛИ, ВОЗРАСТИ, БОЈА НА ОЧИ, РЕЛИГИОЗНИ ПРИПАДНОСТИ, (МОЖЕБИ ДУРИ И...) СЕКСУАЛНИ ОРИЕНТАЦИИ... СЕТО ОВА МИ ДАВА ЗА ПРАВО ДА КОНСТАТИРАМ ДЕКА НЕ Е БИТНО КАКВИ СМЕ, КОЛКАВИ СМЕ, КАКВИ МИСЛЕЊА ИМАМЕ, ШТО ПРАВИМЕ И КАКО ГО ПРАВИМЕ ТОА... БИТНО Е - ШТО СМЕ... А ОВА Е САМО УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА КОГА САКАМЕ, МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ - ЕДНО!!! (кликнете на линкот на било кое место од текстов за музичка подлога која го поткрепува овој мој став)

Им благодарам на сите за поддршката!!! Фондот ќе биде поделен на двајца жители на еМакедонија, првиот - добитник на наградата за најдобра статија (75% од фондот, или 10 690 МКД), и вториот, добитник на наградата за фотографија (25% од фондот, или 3 564 МКД). ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ И ВАШИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОНАЦИИ КОИ ЌЕ БИДАТ ИСКОРИСТЕНИ ЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ - ТУКА!!!
_________________________________________________________________________________________________________
ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАСНУВАЊЕ

Должност ми е да појаснам на некои личности некои работи за Пулицеровата награда во RL, затоа што очигледно (по изборот одржан минатиот месец) многумина не го знаат тоа. Пулицеровата награда е американска награда за исклучителни достигнувања во областа на НОВИНАРСТВОТО, ONLINE НОВИНАРСТВОТО , ЛИТЕРАТУРАТА и МУЗИЧКАТА КОМПОЗИЦИЈА. Ја доделува Универзитетот Колумбија од Њу Јорк, секоја година во 21 различна категорија од кои во 20 добитниците добиваат сертификат и парична награда во износ од 10 000 американски долари, додека победникот во 21-та категорија - „ЈАВЕН СЕРВИС“ секогаш добива златен медал, и тој оди за весник како целина, а не за поединец. Категориите за кои се добиваат награди се:
1.Јавен сервис,
2.Breaking News известување,
3.Истражувачко известување,
4.Фељтон,
5.Известување на локално ниво,
6.Известување на национално ниво,
7.Известување на интернационално ниво,
8.Уметничко пишување (Колумна),
9.Коментар,
0.Критика,
11.Уредничко пишување (за уредник на весник),
12.Уредничко цртање (за уредник на серијал цртани, или стрипови објавени во весник)
13.Breaking News фотографија,
14.Уметничка фотографија
[сите овие во секторот за новинарство];
15.Фикција (книжевно-уметничко прозно остварување),
16.Драма (книжевно-уметничко драмско остварување),
17.Историја (книжевно-уметничко прозно или драмско остварување за историјата на Америка),
18.Биографија или автобиографија,
19.Поезија (книжевно-уметничко поетско остварување),
20.Не-фикција (книжевно-уметничко остварување кое не може да биде сместено во ниту една од другите книжевно-уметнички категории)
[сите овие во секторот за книжевност] и
21.Пулицерова награда за музика
[во секторот за музика].
Ниту една од 21-та категорија не е „главна“, или гран-при награда, сите тие се подеднакво важни. За наградите одлучува исклучиво Борд (Совет), кој е (речиси) непроменлив.

Е сега, за кај нас - одлучив да започнам пополека, чекор по чекор. Разложувајќи ги и онака малкуте квалитетни статии кои ги имаме по категории, сигурно би имало некоја категорија во која ќе нема ни еден номиниран, и ништо не би постигнале. Затоа одлучив да стартуваме само со 2 категории - најдобра статија, и најдобра фотографија (или цртеж, видео, стрип...). Добитниците на наградите на двете категории ќе бидат исто така подеднакво важни, исто како што е и во RL. Разликата кај нас е во тоа што добитникот на наградата за најдобра статија ќе земе 75% од фондот за наградата, а добитникот на наградата за најдобра фотографија ќе земе 25% од фондот. Се надевам дека некои работи се појасни сега, после ова кратко резиме.
_________________________________________________________________________________________________________

ЗА SHOUT:
[ГЛАСАЈ] ВТОРА еПУЛИЦЕРОВА НАГРАДА (НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА ОКТОМВРИ)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1895523/1/20