Можевме, можеме и пак ќе можеме...

Day 1,394, 17:22 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by GOOFYmkd

Добар ден на сите еМакедонци.

„Леле, леле“ каков текст напишав и од толку што внимавав, заборавив да го зачувам и профилот автоматски ми се одлогирал.

За жал немам можност да го напишам истиот текст назад, а ми остана само насловот...

Идејата ми беше да создадам текст кој ќе не мотивира повторно да успееме да бидеме на врвот на еРепублик и поттик за да успееме да ни биде вербата дека можевме, можеме и пак ќе можеме да ја зазелениме мапата на „блато“, а не само оригиналните територии во моментов.

Понекогаш некој од нас ќе си помисли дека такво нешто е недостижно, но дали е недостижно полуфинале на Европско првенство во кошарка?

Дали некој од нас веруваше дека ќе ја поминеме групата и тоа со 4 бодови предност пред другите екипи.
Дали некој од нас веруваше дека В. Илиевски ќе го реши натпреварот со 3-ка против Литванија „Леле, леле што направивме...“
Но, тој се трудеше, се обидуваше и веруваше во себе и својот тим.
Конечно македончето стана Македонец, се извиши кон врвот.

Затоа ќе веруваме и ние еМакедонците.

Искористете го овој период за максимално зајакнување на својот профил и брзо ќе се вратиме на врвот. Ќе биде тешко, но не и недостижно.

Во прилог Ви праќам линкови од 2 актуелни работи во реална Македонија овие денови. Уживајте!


Precek Na Makedonski Kosarkari
http://www.youtube.com/watch?v=mV6MpdwGpGk

Никола Давидовски - Земјо Моја
http://www.youtube.com/watch?v=uGLw6cjaCOg


Поздрав:
Биди Подготвен.

еНовинар
GOOFYmkd