Македонија гледана од друга страна

Day 1,335, 08:54 Published in North Macedonia Bulgaria by Sh4d0wX
Здраво на сите

Најпрвин сакам да ви се претставам на дел од играчите кои што не ме познаваат. Jас сум shadowxbg и играта ја играм од почетокот на 2010-та година. Од тогаш до сега сум бил во бугарската армија, бугарска паравоена единица, и во макаедонската паравоена единица Демони (Demons). Со политика никогаш не сум се занимавал, а не ни сметам во иднина да се занимавам, тоа едноставно не е за мене. Јас сум војник сакам да се борам во играта 🙂.

Доста беше претставување, сега да поминеме на главната тема за што ја пишувам оваа статија и што сакам да постигнам со неја.
Оваа статија ја пишувам зашто има некои работи во еМакедонија за кои мислем дека можат/требаат да се променат. Мислам дека имате потенцијал за да постигнете многу повеќе. Со малку повеќе организација и дисциплина може да постигнете многу неочекувани работи.

Пред да започнам со моите мислења, сакам да напоменам дека моите заклучоци се превземени како пример од Бугарската армија и државна структура. Според мене бугарската армија во моментот е една од посилните во играта, не поради направениот инфленс во битките, туку поради дисциплината и организацијата внатре во неа. Веројатно многу нема да се согласат со мене, но јас тврдам дека сум во право, и едноставно ви предлагам еден надворешен поглед на работите.

Ако зависеше од моето мислење, јас би ги променил следниве работи
Како за почеток мислам дека треба да се зголеми бројот на членови на армијата и да се создадат неколку специјални одреди. Најважно е да се создаде одред со играчи над 3000 сила кои што ќе бидат активни после 00:00h со можност истите да живеат во друга временска зона. Тој одред ќе внимава на битките кога големиот број од играчите спијат.

Друго работа на која што треба да се обрне големо внимание е дисциплината, којашто да во Македонија како и да ја нема. Тоа може да се промени, само е важно да се има желба. Секој член на армијата или на паравоена организација, треба да се бори само кога има потреба. Не треба непотребно да се троши инфлуенсот. Додека пак за БХ ловци нема да коментирам 🙂. Ако се очекува некоја важна битка, треба да се чувате полни до крај. Доволно е да правите по 10 удари на еден час за да не губите ранг.

Забелешка имам исто така во целосното трошење во првите две рунди. Секогаш на располагање треба да имате минимум 5 мил. инфлуенс готови да се испукаат.
Не сум запознает со структурата на армијата, но мислам дека може да се поработи на калаот за наредби за да може армијата и паравоените организации да реагираат што е можно побрзо.

Што се однесува до паравеоните организации, тие се организирани доста добро како самостојни воени единици. На нив треба да им се додели еден човек од владата кој ќе комуницира со нив, и ќе ги координира соодветно на потребите на државата и сојузот. Тој исто така ќе одговара за нивните финансии, со што на поактивните би добивале повеќе финансии од колку помалку активните. Дополнително треба да се воведат казни и финансиски обструкции за нарушување на воениот устав (Имате воен устав, така?).
Истото што се однесува за паравоените организации треба да се имплементира и за армијата.

Друго на кое треба да се обрне големо внимание е контролата на курсот на валутата. Имате многу нестаблина валута во однос на бројот на населението.

Поздрав

Понеже статията е много безцветна и скучна ...ето нещо за стимул 😃


Спациално благодаря на MeDsLeinad че отдели време да преведе статията 😁) о/