Објаснување на случувањата помеѓу Македонија и Србија!

Day 1,323, 17:28 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво живо Македонци и Срби, каде и да сте!

Пред да започнал би сакал да и се заблагодарам на Србија за нејзината несебичност и помошта која ни ја пружи овие неколку дена, несебично се бореше на наша страна, рамо до рамо со нас и покрај сите нејзини проблеми.. Македонија памти и никогаш нема да заборави се што Србија направи за нас.


Неколкуве дена наназад сведоци сме за проблемите кои избувнаа откако еден Македонец им ја честиташе независноста на Хрватска.. Од тука почна да се распламнува ситуацијата и набргу дојде до реакција кај вас, нашите верни соседи Србите. Јас лично од мене а воедно и од целата моја нација ви се ИЗВИНУВАМ што ве навредивме и што направивме да се чувствувате навредено. Надворешните политики никогаш не треба да ги внесуваме во играва, било тоа потеклото на Македонија, конфликтот помеѓу Македонија и Грција, конфликтот помеѓу Србија и Хрватска, ситуацијата за Косово (Тука само би го надоврзал ова: Македонскиот народ, никогаш во ниту еден момент не го призна Косово, Косово е свето Српско место). Знаете и сами колку боли кога некој ќе го нарече Косово посебна држава, оделена од таму кај што припаѓа, кај Српскиот народ.. Ние Македонците исто се осеќаме кога некој ќе не навреди со референцата брјм, кога некој ќе каже дека Македонија е грција, кога некој ќе каже дека Александар Македонски е грк..Реалните проблеми треба да ги оставиме на страна, тука сме да се забавуваме, да играме, да шириме познанства и да го тепаме нашето слободно време.. Зарем заради некој поединци ќе го расипуваме целото пријателство кое што сме го граделе со години години наназад во играва? Зарем заради некои поединци би го расипувале она што сме го граделе помеѓу нас? Сетете се само колку ние Македонците се радувавме кога ќе ја избришевте Хрватска, сетете се како кај нас одекнуваа Шаутите со текст: Welcome in Zagreb, Serbia.. Сетете се само како сме ви се заблагодарувале кога ќе не ослободевте од Бугарија кога сеуште бевме млада и неразвиена држава.. Сетете се само колку Македонци беа на ваш канал и не дозволија да падне гордоста на еСрбија, не дозволија да биде целосно избришана од Мапата.. Секогаш сме биде ваши верни сојузници и секогаш ќе бидеме.. Секогаш ќе има по некој трол кој што ќе дигне тензија, секогаш ќе има некој трол што ќе направи инциденти.. Наместо да се навредуваме, подобро е да ги игнорираме таквите тролови бидејќи тие тролови не го застапуваат мислењето на цела една нација.. Уште еднаш ќе повторам: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕКОИ ПОЕДИНЦИ ДА ГИ РАСПЛАМУВААТ НАШИТЕ ДОБРИ ОДНОСИ! СЕКОГАШ СМЕ БИЛЕ ТУКА ЕДНИ ЗА ДРУГИ, И СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕМЕ! Нашиот јазик е сличен, се разбираме помеѓу себе.. да не дозволиме Балканскиот менталитет да не совлада и тука во играва! Релаксирајте се и играјте ја играва од забава без навреди и без разни препукувања! Ширете познанства, ширете пријателства, некогаш во животот ќе ви затребаат тие пријателства!

Истотака би сакал и да ја објаснам ситуацијата со Грција и со нивната пропаганда..

Грците незнаат што попрво да направат, незнаат ниеден добар начин како да се ослободат од нас, па почнуваат да шират пропаганда и на подол начин да се ослободат од нас.. Јас лично ве замолувам да ги игнорирате тие истите! Smee again е грк кој има земено Македонско државјанство и прави се за да би ја спасил неговата поробена и немоќна едржавичка.. Неговите статии ги пишува од име на Македонскиот народ, со што би дигнал тензии помеѓу нашите две Држави.. Ве молам игнорирајте го, како да не постои.. Не е Македонец за да може да збори од името на нас, Македонскиот народ..

Hail MACEDONIA!
Hail SERBIA!
Hail ONE!




За крај би ве замолил за шаут како би виделе повеќето Македонци и Срби:

Објаснување на случувањата помеѓу Македонија и Србија!
http://tinyurl.com/5vuvlz9