МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА

Day 1,271, 07:12 Published in North Macedonia North Macedonia by CounselMacedonian
МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА

Со цел да ја доближиме нашата единица до еМакедонската јавност и да ги презентираме нашите искуства (позитивни и негативни) , сите успеси и неуспеси , препреки кои моравме да ги совладаме како и убави моменти кои ги доживеавме и пред се за другарството кое се негува во нашата единица , во наредниот текст ќе се потрудам да понудам кратка ретроспектива на нашето досегашно функицонирање.

ОСНОВАЊЕ
Македонска Фаланга како единица е оформена во првата недела на месец февруари 2011 година, како наследник на MAF(Macedonian Attacking Force) и истата е осонована од поранешни членови на MAF кои денеска го сочинуваат Советот на Македонска Фаланга.

Членови на Советот на Македонска Фаланга
1. simplyTHEbest -Командант
2. Mitko Makedonecot
3. Jovicaaa
4. GruevTheMacedonian
5. CounselMacedonian
6. kuultras
7. Ingame54
8. Zbrc

Сите одлуки поврзани со функционирањето на единицата се донесуваат со кворум од страна на советот, што значи дека секој глас има иста важност, односно командантот се консултира со советот за секоја одлука.

При самото оформување на единицата беше поставен и првиот приоритет, економско зајакнување и обебзедување на финансиска стабилност, која ќе ни овозможи непречено функционирање како воена единица со своја инфраструктура и ресурси.

Целта на Македонска Фаланга е да изградиме воено економска организација која ќе функционира како колектив над интересите на поединецот за да можеме поуспешно и поефикасно да помогнеме на еМакедонија. Заработката, храната, оружјето и останато се дели на подеднакви делови на членовите на МФ.

Во единицата сите сме исти без разлика на Ниво, Сила, Ранк, Возраст

РЕСУРСИ
Со таквиот пристап кон плановите на единицата како и личното и финансиско жртвување на секој член успеавме да изградиме инфраструктура од компании која денеска се состои од:

1x q5 фабрика за оружје
1x q3 фабрика за оружје
1x q4 фабрика за храна
1x q1 фабрика за храна
3x Рибници (за прозиводство на репроматеријал за лебарите)
3х Рудник за алуминиум (за прозводтсво на репроматеријал за фабриките за оружје)
Сето ова со тенденција за зголемување на производните капацитети за оружје и храна пропорционално со зголемување на бројката на активни припадници на Македонска Фаланга.

ЧЛЕНСТВО
По самото основање на единицата се започна со процес на регрутација на нови членови при што по неколку успешно спроведени регрутации единицата моментално брои 39 активни членови кои се евидентираат на

http://erep.maxihellas.com/citizens/list.aspx?List=Makedonska+Falanga

со регистрирана Military Unit на eRepublik
http://www.erepublik.com/en/main/group-show/332

како и регистрирана политичка партија
http://www.erepublik.com/en/party/emacedonian-phalanx--3528/1

и канал за регрутација
http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23eMFA&server=irc.rizon.net


За поуспешно и подобро функционирање на самата единица, оформени се 5 тимови кои го координираат работењето во сите сфери на единицата и му помагаат на Советот на единицата за подобро и поуспешно менаџирање со единицата

-Регрутирање
-Економија
-Партија
-Односи со јавност и Маркетинг
-Меѓучовечки односи и Дисциплинска комисија


Како резултат на нашите активности и позитивниот пристап кој го имаме , водејќи се од максимата “Јак поединец-уште појака држава” , се трудиме максимално да помогнеме за развивање на сите македонски играчи што ќе доведе и до појака еМакедонија.
Презезнтирањето на еМакедонија во еСветот и нашиот фер однос кон нашите сојузници и почит и коректност кон нашите непријатели ни овозможи да оствариме и соработка со една од најсилните единици во еСветот со која имаме извонредна комуникација и единствена прилика да ги искористиме нивните позитивни искуства за доброто на нашата единица и на цела еМакедонија.


Доколку сакате да дознаете повеќе за Нас , слободно дојдете на нашиот јавен чат канал
http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23emkd-mf&server=irc.rizon.net