Моменталната ситуација на политичката сцена + Виц!

Day 1,234, 06:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Proud.Macedonian

И покрај новозапочната војна со Бугарија, имаше уште еден настан кој го окарактеризира вчерашниот ден. Тоа без сомнение беа Претседателските Избори. Прво сакам да напоменам, дека искрено жалам што ОеМ не излезе со свој, искусен кандидат на изборите. Така, Makedonija Do Indija немаше сериозен противник, освен Makedonec3, кој сепак мислам дека сеуште не беше “дораснат” за позицијата Претседател на еМакедонија. МНФ ги доби Претседателските избори, но што стори потоа? Според мене, ја направи најголемата можна грешка со назначувањето на Da Zivee Makedonija за Премиер. Толку одговорна функција не смее во никој случај да му се додели на еден “тежок” националист кој може да ја одведе еМакедонија само во бездна. Заборавивте ли дека тој беше оној кој се противеше за враќањето на Јужна Србија и Рашка на нашите најголеми сојузници, Србите, а и дека притоа, со своите постапки беше исмејуван од половина еМакедонија... После оваа одлука на Makedonija Do Indija и штабот на МНФ, следуваа безброј критики од поискусните играчи, а тоа пак ме натера да се присетам на еден виц од периодот кога Бранко Црвенкоски беше претседател на Р.Македонија, а Џорџ Буш на Америка. Следува вицот 😉:
Бранко Црвенкоски е во посета на Америка. За време на средбата со Џорџ Буш го запрашува:
- Kако успеваш да излезеш на крај со 300 милиони луѓе, а јас во мојава мала Македонија не можам да излезам на крај со 2 милиони?
- Па тоа е многу лесно. Имам многу паметни луѓе околу себе кои ми помагаат во управувањето. – му враќа Џорџ.
За да го докаже тоа, Џорџ Буш го повикува Колин Пауел и му вели:
- Кој е тој што не ти е брат, а е син од мајка ти и татко ти?
- Па тоа сум јас Претседателе. – одговара Колин.
Бранко изнанаден, а воедно и зачуден, се враќа во Македонија, го повикува Никола Груевки и го запрашува:
- Кој е тој што не ти е брат, а е син од мајка ти и татко ти? – притоа му дава 24 часа да размисли.
Груевски заминува од кабинетот на Претседателот и оди право кај Коце Трајановски да бара совет. Му го поставува истото прашање:
- Кој е тој што не ти е брат, а е син од мајка ти и татко ти?
- Па тоа сум јас... – одговара Коце.
Грујо, радосен што го дознал одговорот, стигнува кај Бранко и му одговара:
- Оној кој не ми е брат, а е син од мајка ми и татко ми е Коце Трајановски, господине!
- Не бе глупак, тоа е Колин Пауел!!

Веројатно на сите им е јасно, кој е Бранко, а кој Грујо во нашава еДржавa. 😛

П.С: Целта ми беше на комичен начин да ја претставам ситуацијата, а не да навредам некого. 🙂
П.С.С: В+С !

Ваш,
Proud.Macedonian!