Во време на избори - Виц на денот !

Day 1,232, 03:31 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

И додека изборите сакале ние или не полека си одминуваат,нешто за релаксација.
Се жали жената од својот маж на една пријателка:
-Веќе не знам како понатака.Што и да направам маж ми вика дека мајка му прави подобро.Ако направам ручек ќе рече:Абе убав е ручекот,ама мама готви подобро.Ако исчистам:Добро е исчистено,ама мама чисти подобро.И за перење,мама пере поубаво.За се е подобра мама.
-Пријателката и дава совет со кој ќе заборави на мама и ќе мисли само на неа:Ќе го зготвиш најубавато јадење.Ќе купиш цвеќе и свеќи.Ќе го изгаснеш светлото во станот и ќе направиш романтична вечера за двајца покрај свеќи и цвеќе.Ќе облечеш најсекси долна облека и така полугола ќе го пречекаш да се врати од работа.И сега да видам што ќе каже и на кого ќе мисли?!
Жената така и направила.Влегува мажот дома и целиот во паника прашува:
Жено што е ова?Зашто се овие свеќи и цвекиња?Зашто си облечена во црно?ДА НЕ И СЕ СЛУЧИЛО НЕШТО НА МАМА?!

Значи,пожелно е да гласате за некој од кандидатите за кои Вие мислете дека ќе е најдобар за е-Македонија.Тоа оставам на вас,ама за статијава МОРА ДА ГЛАСАТЕ.Тука нема компромис.ХАХАХАХА

Заебанција на страна Молам за VOTE SUB
Ви Благодарам

МАКЕДОНИЈА ОБЕДИНЕТА И ВЕЧНА
П.С.
А,како сме тргнале и на добра пат сме 🙂