„Македонштината“ во нас + АВАТАРИ (оглас)

Day 1,228, 08:10 Published in North Macedonia North Macedonia by The_BoSS_pp

Нема многу да должам во оваа статија.. Само набрзина ќе ви ја покажам „македонштинава“ во нашиов народ, на желбата да излажат и украдат нешто.
Не сум некој кој што е алчен по ова злато и денари (како што не сум ни во РЖ). Неколку пати ми го имаат направено ова, меѓутоа, овојпат решив да го објавам ова, затоа што дечково ептен ме изнервира...
На долу приложените слики, ќе го прочитате јасно целиот разговор, како малиов убедливо зборува дека е чесен и поштен, дека ќе си плати, дека не бил како другите.. бла бла.. Си го порача аватаро, фино лепо си објасни како сака да биди, и јас уште пофино во најбрз можен рок го завршив аватарот.. Сепак, поради случки како оваа што ми се дешавале претходно, решив аватарот некако да го заштитам, со цел да ми ги плати парите, па после да го добија.. Му го испратив аватарот, а дечково нигде го нема ни да плати, ни да одговори..
Решив да видам што се стори со чоеков, да не умрел недај боже.. го отворив разговорот, и што ќе видам, си го наместил аватарот.. Дури ни линиите кои што ги ставив на аватарот, не го спречиле да го направи тоа.. убо му стој, не велам не.. Нека си го носи со здравје, не ми требаат неговите пари.. Нема да ме направат ни побогат ни посиромашен.. Само морав да го објавам ова, крајно испровоциран, за да видите што се има на земјава, а богами и на играва.. И уште потрагично е што не е единствен, ги има многу..
Остани ми поздравен... 😉



А сега, вториов дел од статијава..
Сакам само да ве информирам дека изработувам аватари по желба..
Цените на аватарите почнуваат од 1 злато, па нагоре, во зависност од тоа што сакате да има на аватарот, колку работа е потребно за истото, колку време, за што ви е потребно и слично..
Исто така изработувам логоа за весници, за цена се договараме накнадно..
Еве неколку од аватарите кои што сум ги изработил до сега, разгледајте па ако ве бендиса нешто, слободно пишете.. 😃









И ако не ве мрзи, стегнете по едно воте и суб.. 🙂
Поздрав..
The_BoSS_pp