Во мода е да имаш паравоена.

Day 1,224, 05:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragje



Во мода е да имаш паравоена.

Додека едно време во еМакедонија имаше 4-5 паравоени единици, кои работеа перфектно, со свои принципи, денес, во последните 24 саати се отворени уште 4 нови паравоени единици.

Единица за брзо распоредување

Macedonian Phantoms

Војводи - Dukes

План Б искрено жалам што морам да го едитирам артиклов, ама План Б после ден ипол макотрпна работа и организирани напади се распаднаа.



Сите единици во просек имаат по 10 членови, доволно колку да се прави гужва на нивниот чат канал, или за една партија брза географија.



Може додека ја пишувам статијава да излезе уште една паравоена, не знам. Ќе се обидам да бидам up-to-date. Незнам која е поентата во овие паравоени. Имаат амбиции, имаат аватари ама пак нешто им фали. Секој сака да биде газда на паравоена, знам. Ама ова е веќе многу. Некако му доаѓа по една паравоена на секој регион. Да не почнеме само и воени бази да правиме.

Морам и да признаам, имињата се многу опасни. Чекам некој да направи паравоена Планинска бура. Ептен опасно звучи. 🙂



Покрај паравоените, сакам да им се заблагодарам на сите оние што гласаа за мене на последниве конгресменски избори. Се надевам дека нема да ве разочарам, и сите предлози кои мислите дека би помогнале во развојот на еМакедонија ги чекам на приватна порака. 🙂