[Мин.за образование] ВОВЕД ВО ПОЛИТИКА - партии, претседатели, конгрес и избори

Day 1,192, 09:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Ах таа политика, колку што ја мразиме, толку и ја сакаме 😃
Сигурно на повеќето ви е преку глава од оваа тематика поради проблемите кои ги создава истата меѓу нас македонците особено поделбите на групи од типот на ВМРО vs СДСМ во реалниот живот. Напоменувам дека ова сепак е игра и овде мораме да го избегнуваме препукувањето како во реалниот живот.



Како што реков, иако на сите ни е преку глава од политиката сепак, таа одлучува по кој пат ќе врви еМакедонија. Сите имаме еднакви шанси за учество во политичкиот живот на еМакедонија а од посветеноста на народните избраници пред се од координацијата меѓу сите политички тела зависи дали политиката која ја води еМакедонија ќе биде успешна или деструктивна. Преку политиката се препознаваат потенцијалите на избраниците. Многумина се вклучуваат во политиката чисто формално само да стекнат имиџ односно за да го добијат златниот медал и потоа воопшто да не се појават додека пак други сериозно си ги сфаќаат обврските што ги носи позицијата за која се избрани. Во тие 30 дена мандат, избраниците морат да се докажат пред своите избирачи дека се подобни за таа позиција. Со учество во политиката, ние градиме имиџ или подобро кажано добиваме позитивен или негативен рејтинг за себе кој во иднина многу ќе влијае врз нашиот натамошен избор доколку учествуваме во политиката.


Да не должам, сигурно и самите ги знаете предностите и негативностите што ги носи политиката. Денес ќе се запознаеме со политиката во еРепублика односно еМакедонија.

Политичкиот живот во еМакедонија го градат три институции: Политичките партии, Конгресот и Претседателот на државата.

Сета ваша политичка активност е стационирана овде



За се што е напишано подолу во текстот, можете да пристапите само преку оваа страница.


1. ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Основа на политиката се токму политичките партии. Тие се стожерот на демократијата. Политичките партии се здружение на поединци со исти политички цели и убедувања и преку нив тие го искажуваат својот . Можете да станете член на било која политичка партија која постои на тло на државата чиј граѓанин сте дури можете и самите да основате политичка партија за 40 златници и доколку имате навршено минимум 13 годинки 😉


(ова ви се појавува кога не сте член на ниту една партија)

Можете да останете неутрални но, доколку се решите да одите на избори морате да членувате во некоја од постоечките политички партии. Изберете ја партијата која вам најмногу ви одговара и таа ќе застане позади вас доколку се решите да се кандидирате на избори.
Секоја партија има своја економска (Far-Left, Center-Left, Center, Center-Right, Far-Right) и социјална (Totalitarian, Authoritarian, Libertarian, Anarchist) ориентација.


Слично како во реалниот живот, и овде на чело на партијата стои Претседател кој раководи со партијата односно ја застапува истата. За да се кандидирате за претседател на партија, морате да бидете член на партијата преку која ќе се кандидирате и да имате достигнато 16то ниво односно годинки. Освен наведеното, потребно е да платите и два (2) gold кои ќе ви бидат побарани при поднесувањето на кандидатурата. Доколку успеете да станете претседател на партија ќе бидете наградени со 20 искуствени поени. Изборите се одржуваат на секој 15ти ден во месецот.

Претседателот на партијата има низа активности:
- Одредува листа на официјални кандидати (составена од партиските членови) за конгресменските и претседателските избори
- Располага со финансиите на политичката партија и може да ги користи за рекламирање всушност, само така можат да се потрошат парите кои се на сметка на политичката партија и
- Може да ја терминира партијата.

Доколку претседателот на партијата даде оставка, тогаш на чело на партијата ќе застане член на партијата со најмногу искуствени поени.



Ако седиштето на партијата се наоѓа во регион кој е освоен од непријателот, партијата не се терминира но потпаѓа под знамето на државата освојувач. И да се ослободи тој регион партијата не се враќа под знамето на првичната земја туку ќе мора да се креира одново.

Македонија беше освоена од страна на Бугарија и сите дотогашни македонски политички партии паднаа под бугарско знаме а по нејзиното ослободување истите мораа повторно да се креират.


2. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА


Колку само убаво медалче нели? Го сакате? Епа ќе мора да се помачите за да го дофатите бидејки најпрвин морате да ја стекнете довербата на целиот народ. Претседателот е оној што ја води државата и ја дели законодавната власт со Конгресот.

Претседателот како претставник на државата односно народот:
Одлучува за војна (напад на соседни региони) и мир (се става на гласање во Конгресот)
- Предлага купување на болници и одбрамбени штитови (се става на гласање во Конгресот)
- Предлага договори за сојузништво со други земји (се става на гласање во Конгресот)
- Предлага воведување на трговско ембарго кон одредени земји (се става на гласање во Конгресот)
- Испраќа порака за добредојде на новорегистрираните играчи односно државјани (се става на гласање во Конгресот)
- Формира своја еВлада (формалност, ова е тим кој Претседателот го формира и го распоредува во министерствата по сопствена волја)

Функцијата Претседател е неразделна со Конгресот бидејки и тој како конгресмените може да предлага закони и да гласа по истите.

За да се кандидирате за Претседател на државата, потребно е да имате достигнато 18то искуствено ниво односно годинки 😉 и да бидете член на политичка партија преку која ќе се кандидирате за претседателските избори. Изборите се одржуваат на секој петти (5) ден од месецот. Кандидатот кој ќе победи на претседателските избори се стекнува со медал и 50 искуствени поени.



Доколку се случи непријател да освои регион во кој се наоѓа претседателот, тој се сели автоматски во друг слободен регион на државата. Доколку државата биде целосно освоена од страна на непријателот, само тој ќе има ингеренции да објавува закони кои спаѓаат во негова надлежност и да гласа по нив. Бидејки Конгресот се распушта со освојувањето на земјата, гласот на претседателот е 100% одлучувачки.



3. КОНГРЕС


Конгресот е главниот законодавен и одлучувачки орган во земјата. Сите предложени закони од страна на конгресмените и Претседателот за да станат полноважни мораат да бидат изгласани од страна на Конгресот односно неговите членови и тоа со мнозинство од 66% од вкупниот број членови. Бројот на членови на конгресот варира во зависност од регионите кои една држава ги поседува.

Должности кои ги имаат членовите на конгресот:
- Предложување на закони и ставање на истите за гласање. Секој конгресмен може да предложи максимум два закони во текот на својот мандат.
- Гласање по предложените закони со ДА или НЕ. Законот се смета за изгласан со 66% мнозинство од вкупниот број конгресмени
- Можат да го разрешат Претседателот (се предлага impeachment)
- Доделување државјанства на странски државјани кои поднеле молба односно аплицирале за добивање на државјанство на земјата каде што престојуваат. Секој конгресмен има лимитиран број на државјанства кои може да ги подели. Во македонската практика, секој конгресмен има можност да прифати максимум 15 молби за добивање на државјанство во текот на својот мандат.

За да станете конгресмен, потребно е да имате достигнато 15то искуствено ниво односно годинки 😉, да бидете член да политичка партија преку која ќе се кандидирате за одреден регионот на државата (на пример, се кандидирате за конгресмен во Источна Македонија). Претседателите на партиите во земјата ги составуваат официјалните листи на кандидати, членови на политичката партија и ги распоредуваат. Изборите се одржуваат на секој 25ти ден во месецот. Граганите можат да ги гласат само оние кандидати кои се кандидирале во регионот каде што престојуваат (на пример, доколку престојувате во Западна Македонија, вие ќе можете да гласате само за официјалните кандидати за Западна Македонија а не и кандидат во друг регион). Кандидатите кои влегле во потесната односно победничката листа, се стекнуваат со златен медал и 20 искуствени поени.



НАПОМЕНА: Ако сте решиле да станете конгресмен само заради медалот и златото, сте згрешиле. Златото ќе морате да го донирате во државната каса и ќе си останете со празни раце 😛 Затоа, ако не планирате да земете активно учество во Конгресот, НЕ СЕ КАНДИДИРАЈТЕ туку тоа препуштете им го тоа на оние играчи кои сакаат да учествуваат во работата на Конгресот. Неколкумина играчи кои станаа конгресмени во еМакедонија уште на самиот почеток го кликнаа копчето “resign” (оставка) бидејки направија голем “oops”, некои катастрофално го завршија мандатот (пасивност, вечна неупатеност) и со тоа се жигосаа за во иднина не само за конгресменските, туку и за другите избори. Конгресменската функција не подразбира лично , единично, туку тимско играње и меѓусебна координација со сите овластени лица. Одговорни сте пред народот!


ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

Секој граѓанин на еМакедонија со достигнато 14то искуствено ниво има право да гласа на изборите. За да гласате, одете на community > elections како што е прикажано на сликата подолу:

Дозволен ви е само еден глас. Гласањето се врши со кликање на синото копче “VOTE” после името на кандидатот.

Откако ќе заврши гласањето (24 часа), следува ажурирање односно пребројување на гласовите и најпосле, објавување на официјалните резултати.



п.с. или ќе те биди или нема (воопшто) да те биди 😛

Со Почит
PhoenixMK
Министер за образование
Февруари, 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: