[ОЦМ] Објаснување за медалите и како да ги добиете истите

Day 1,190, 10:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
Медали


Основен начин за добивање на злато во играта се Медалите. Тие претставуваат доста важен дел од оваа игра бидејќи со нивна помош значително напредувате во самата игра. Секој медал ви дава по 5 Gold.
Медал = 5 Gold



Тука ќе ви покажеме како може да ги добиете овие медали започнуваме по ред:




- Еден од најлесните медали за земање од редовните играчи. Потребно е само да работите секој ден во текот на 30 дена. Доколку испуштите да работите само еден ден, обројувањето се рестартира од нула.




-Овој медал се добива тешко. За да го добиете овој медал треба да влезете во политиката на земјата.Треба да бидете член на некоја политичка партија и да поднесете кандидатура за Конгресмен. Доколку ви биде прифатена ккандидатурата Вие влегувате во изборот за член на конгресот кој се одржува еднаш месечно. Доколку бидете изгласани Вие станувате дел од конгресот и го добивате овој медал.
Но тука работата не е завршена.Вие како конгресмен учествувате во изгласувањето на доста важни одлуки за вашата земја,па така и често ќе подлежите и на критики и пофалби во весниците. Сепак, нема да профитирате од овој медал бидејки практика е народните избраници да го донираат добиеното злато од медалов во државната каса.
Изборите за членови на конгресот се одржуваат на секој 25ти ден од месецот.



- Еден од најтешките медали за добивање .Овој медал се добива со Победа на Претседателски избори,а за тоа одлучуваат сите жители на земјата кои се над 13 level.
Личноста која го поседува овој медал значи дека ја има водено еМакедонија еден месец. Треба да се има огромен респект кон личноста која го поседува бидејќи таа личност има многу направено за еМакедонија. Често овие личности се изложени на критики кај граѓаните во нивните весници и слично.
Претседателските избори се одржуваат на секој 5ти ден во месецот.




-Овој медал се добива преку добивање на 1000 читатели на вашиот Весник. За да отворите Весник треба да дадете 2 Gold но со добивањето на овој медал вие сте со заработка од 3 Gold . Доколку сте добар новинар, многу бргу ќе ги добиете саканите 1000 претплати.




-Mедал кој се добива за најмногу направена штета во една битка за една земја. Овој медал нема да ви донесе значаен приход бидејки во повеќето случаи за негово добивање повеќе ќе се потрошите отколку што ќе добиете. Потребно е да поседувате барем 1400 воена сила и да се снабдите со најквалитетни оружја и лебови за да можете да конкурирате. Доколку атакувате на ваков медал, бидете особено внимателни каде се борите бидејки често се случува во последен момент да се смени водството на табелата и да се остане со празни раце. Затоа, бидете внимателни и следете ја активноста на играчите во битките.



- Најнов медал од сите е токму овој, медалот за најмногу направена штета во целата војна за една земја. Доколку сакате да го освоите односно да ги добиете тие симболични 5 златника, тогаш ќе морате сериозно да го "одврзите ќесето" и да стискате палци слично како за претходниот медал некој да не ве претекне во последната минута од последната рунда. Сепак, неговото освојување може да биде лесно во војни каде што нема голема активност.




- Дефинитивно најценетиот и најредок медал од сите. За да го добиете, потребно е "само" да подигнете востание (resistance war) во некој окупиран регион и истото да заврши успешно. Напомена: Немојте да кревате востание без усогласеност со Армијата или Претседателот на државата. Играчот кој ќе го подигне успешното востание се стекнува со голема почит меѓу народот.




- Најлесниот медал за добивање. За разлика од Hard Worker медалот каде морате да работите секој ден, за добивање на овој медал потребно е само да тренирате колку што може поредовно без страв од ресетирање на деновите. Го добивате со секои 250 поени Strengt ( сила јачина). При тренирањето доколку вежбате со Бустер 50% - 0,19 Gold делумно ви се враќаат вложените средства.



Овој медал се добива доколку преку вашиот Refferal линк се регистрираат 10 играчи и дојдат најмалку до 10 ниво (level). Вашите реферали доколку напредуваат во играта, ќе ви носат заработка. Затоа, канете пријатели. Напомена: Никако не користете мулти акаунти за да го добиете медалов, всушност, не се ни обидувајте да раководите повеќе профили бидејки кога-тогаш ќе се изгорите и ќе ве банираат.

И за крај, со секое кренато ниво (Level) на вашето конто добивате плус 1 златник.


Ваш
TosheMK
Февруари - 2011

Дополнување: PhoenixMK, Министер за образование

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: