[ОЦМ] Како најбрзо да купите суровини од конкретна компанија

Day 1,185, 02:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Почитувани граѓани на еМакедонија,


Како што веќе знаете Образовниот Центар беше формиран од страна на Министерството за Образование со цел едукација и запознавање на новите играчи со некои основни делови и работи во играта. Во текот на овој период во весникот на Министерството за образование ќе излегуваат туторијали кои е пожелно секој да ги прочита со цел побрзо осознавање на играта.
Доколку вашите прашања не бидат одговорени во туторијалите или пак сеуште имаат некои нејаснотии во играта, тогаш слободнo пишете ни порака и ќе се обидеме да ви помогнеме. Се надеваме дека ќе ви овозможиме полесен и појасен еЖивот.



Купување суровини

Сигурно сите многупати до сега сте имале можност да купувате суровини од маркет за вашите компании (на пример да купите жито за вашата компанија за леб).
Најчесто тоа се прави на следниот начин:

- Ја отварате компанијата на која и требаат суровини(за леб на пр.) и одите на "Buy raw materials" линкот кој ве носи на Маркет. На тој маркет се наоѓаат многу други понуди меѓу кои некаде се наоѓа и вашата. Одите страна по страна барајќи ја понудата на компанијата од која сакате да купите суровини. Кога ке ја најдете го одбирате износот кој сакате да го купите и купувате. Е сега ова одзема многу време, а воедно постои ризик некој да биде побрз и да ги купи суровините побрзо од вас. Затоа постои побрз начин да купите суровини од саканата компанија.

Отворете ја вашата компанија на која и требаат суровини за работа.(види слика)
десен клик на сликата > open image за поголема резолуција



Запомнете го id-то на вашата компанија:
http://economy.erepublik.com/en/company/aris-food-company1/295484

Потоа одете на страната на компанијата од која сакате да купите суровини и одберете ја нивната понуда со кликање на "Show offer" (види слика)





Одбирање на понудата ве носи директно на маркет, но без можност да купувате суровини. Тоа е затоа што моментално купувате како поединец, а не како компанија.(види слика)





Напомена: Запомнете ја адресата која ви се отвора во тој момент.
http://economy.erepublik.com/en/market/offer/24129602


За да можете да купувате како компанија треба во адресата да го додадете id-то на компанијата со која сакате да го извршите купувањето.(види слика)





http://economy.erepublik.com/en/market/offer/24129602/company/295484

Откога ќе го направите ова ви се отвора можност да купите суровини. Одберете ја количината и купете.

Се надевам дека ова ќе ви заштеди време. Гласајте за да се информираат сите.

Искрено Ваш,
Панче Исајески
помошник при Министерството за Образование

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: