Туторијал за новинари - отварање весник, уредување текст

Day 1,142, 18:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Од сите области што ги имате во играта како војска, економија, политика, во новинарството имате најголема слобода. Новинарството и весниците во играта повеќе наликуваат и имаат улога како на лична блог страница. Во него може да пишувате за што сакате, но секако да има поврзаност со нешто од играта.
Во овој туторијал ќе ви покажеме како да отворите весник, како да уредувате текстови, како да вметнувате линкови, слики, ќе ви дадеме некои совети итн., со цел да се подобри квалитетот на пишани текстови во нашиот медиумски простор.



Отварање на весник

За да станете новинар, прво треба да отворите свој весник. Кон менито за отварање весник се пристапува преку вашата профил страница, со кликнување на полето Create newspaper.


- Морате да сте барем 9-ти левел
- Да платите 2 златника за отварање на весникот
- Да дадете име на весникот
- Да поставите аватар (лого) на весникот

Кога ќе ги внесете податоците кликнете Create за да го отворите весникот.

После отварањето на весникот, можете повторно да правите промени, како на пример да го смените името на весникот, да го смените аватарот односно логото, да поставите опис на весникот односно за што ќе пишувате и сл. За да направите некоја промена на вашиот веќе отворен весник, кликнете на Edit newspaper details, кое се наоѓа во десниот горен агол од вашиот весник.



До вашиот весник можете да пристапите преку вашиата профил страница, во полето Press director.

Во весникот вие ќе можете да пишувате статии, луѓето ќе можат да ги читаат вашите статии, да ги гласаат ако им се допаѓаат (Vote) и да се претплатат (Subscribe) на вашиот весник ако им се допаѓа за да ве следат редовно. Претплатувањето на весник е бесплатно, а на секои 1000 претплатници на вашиот весник добивате Media Mogul медал и 5 златника.

Иако можете да пишувате за многу работи, сепак постојат одредени ограничувања во поглед на содржината на вашите текстови. Затоа пред да почнете да пишувате во вашиот весник, прочитајте ги правилата односно еРепублик законите (eRepublik Laws).

Иако и другите точки се важни, обрнете внимание на првата точка која важи за сите што пишуваат (артикли, коментари на артикли или на форум, приватни пораки, shouts итн.), не само за новинарите.
Таа гласи вака: "Не смеете да го загадувате Новиот Свет со работи како надворешно рекламирање, спамирање, навреди, порнографија, вулгарности или расизам."

Кршењето на некој од законите (правилата), ќе резултира со добивање на различни казни, како помали (пр. добивање казнени поени), така и поголеми (пр. привремен или постојан бан на вашиот профил).

Подетално околу нив можете да прочитате овде: http://wiki.erepublik.com/index.php/Rules_Addendum



Пишување и уредување текст

Кога ќе го отворите вашиот весник, во горниот десен агол се наоѓа копчето Write article. Кога ќе кликнете на него ќе ви се отвори страницата за пишување на артикал.
Во полето Title го пушувате насловот на вашата статија. А под тоа во полето Article ја пишувате вашата статија. Со кликнување на копчето Publish ја објавувате статијата.



Секоја статија изгледа поубаво кога текстот е добро среден и има по некоја слика. Имате можност да задебелувате текст, подвлечувате текст, закосувате текст, да поставувате линкови, слики итн.

Овие опции можете да ги користите преку лентата со алатки за уредување на текстот:



Еве примери како изгледаат некои од нив:

Линк
Code:
[url][/url] --> пример: [url]http://www.erepublik.com[/url]
резултат: http://www.erepublik.com

Текст со линк
Code:
[url=][/url] --> пример: [url=http://www.erepublik.com]eRepublik - The New World[/url]
резултат: eRepublik - The New World

Слика
Code:
[img][/img] --> пример: [img]линк до сликата[/img]
резултат: ќе ја добиете сликата

Слика со линк
Code:
[url=][img][/img][/url] --> пример: [url=http://www.erepublik.com][img]линк до слика[/img][/url]
резултат: со клик на сликата во овој случај доаѓате на erepublik.com

Задебелен текст
Code:
[b][/b] --> пример: [b]text[/b]
резултат: text

Закосен текст
Code:
[i][/i] --> пример: [i]text[/i]
резултат: text

Подвлечен текст
Code:
[u][/u] --> пример: [u]text[/u]
резултат: text

Прецртан текст
Code:
[s][/s] --> пример: [s]text[/s]
резултат: text


Пред да ја објавите вашата статија, можете да видите како би изгледала таа, преку последното копче од лентата со алатки - Preview. Па ако нешто не излегло како што треба, можете да го поправите.

Немојте да очајувате ако си најдете грешки и по објавувањето (Publish) на статијата, бидејќи може да се направат промени и по објавувањето. Тоа се прави со кликнување на копчето Edit кое се наоѓа до самиот артикал. А пак ако сакате да го избришете артикалот, кликнете на копчето Delete.



За крај еден совет. Сигурно сте приметиле дека играта автоматски ве исклучува од вашиот профил доколку сте биле неактивни неколку минути. Затоа пред да кликнете Preview или Publish зачувајте ја статијата во вашиот компјутер во word или notepad или било кој друг текстуален едитор. Зошто ? Бидејќи во случај да ја пишувате подолго време, а бидете автоматски одлогирани, кога ќе кликнете Preview или Publish вашата статија нема да биде објавена, а сиот ваш труд ќе биде за џабе. Затоа ако го загубите текстот овде, а претходно сте го зачувале на вашиот компјутер, ќе треба само да го ископирате одново и толку.



Се надеваме дека овој туторијал ќе помогне на многу нови еНовинари и на тој начин ќе го збогатиме нашиот медиумски простор со подобри статии. Сепак немора по секоја цена да отварате весник и да трошите 2 злато. Отворете весник само ако имате желба за пишување и идеја.
Ни останува да ви посакаме многу успех во вашата новинарска кариера !

Cyril of Macedon
Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Јануари 2011

Туторијалот е последно променет на 12.03.2011



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Одбрана - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник