[ТУТОРИЈАЛ] Како се користат болниците

Day 1,083, 07:36 Published in North Macedonia Serbia by Shakce


На многумина им е збунувачко како се користат болниците, кога ги има, колку траат итн. Затоа, еве едно кратко туторијалче како функционира тој систем.

1. Го посетувате овој линк: http://erepublik-market.cz.cc/hospital.html (не и верувам баш на странава, затоа пожелно е да ја користите само за оваа намена т.е. не кликајте наоколу)
2. Гледате за колку време најбрзо ќе се појави болницата (Слика 1)
3. Гледате дали таа болница е достапна за користење во земјата во која престојувате (Слика 1)
Опционално: wellness per player:50 = максимум што можете да добиете е 50 енергија (има некои болници даваат 100, 50 или 25)


Слика 1

4. Ја наоѓате битката (во Allies' battles) и влегувате
5. Чекате да заврши рундата (Слика 2)


Слика 2

6. Чекате системот да ги изброи жртвите
7. Откако броењето ќе заврши, започнува нова рунда но овој пат со болница (Слика 3)


Слика 3

8.Се лечите набрзина онолку пати колку што е можно и повторно сте спремни за нова акција! 😃


ВАЖНО!!!
Болниците траат само 3-4 секунди од почетокот на рундата (некои повеќе, некои помалку). Многу е битно да бидете покрај мониторот откако системот ќе ги изброи жртвите и започне новата рунда. Како што можете да видите во првата слика, има многу држави кои можат да ја користат болницата а таа дава само 25,000 енергија односно на секој играч по 50 така да нема за сите. Може да се случи и болницата да ја снема за една секунда и вие воопшто да не се излечите. Затоа, бидете брзи! 😃



Се надевам дека е јасно објаснето. Доколку има некои прашања слободно поставете ги во коментарите.