2 години АрМакедон
Kpakep4e
Здраво еМакедонци и еМакедонки
На наше големо задоволство Ви соопштуваме дека пред точно две година, после долго преговарање, на тлото на штотуку испилената на мапа еМакедонија се формираше АрМакедон, една од првите паравоени единици во земјава.
Формирана по концепт на тогаш најмоќната паравоена единица во Новиот Свет, Лазократите , АрМакедон претставува еден од најпрепознатливите симболи на еМакедонија и единица која многумина ја обожаваат, ја подржуваат па и ја мразат. Денес, АрМакедон е составена од добропознати стари/нови активни и посветени играчи, со различен воен потенцијал.
Приказната за АрМакедон почна пред две година. Дел од постарите искусни играчи кои биле дел од туѓи војски и убаво знаеле како работи една воена организација решаваат да формираат нивна единица... Двајца играчи, поучени од претходното, меѓусебно размениле идеи за формирање на сопствена, добро организирана единица во која ќе немат апсолутна моќ неколку луѓе, и истата ќе биде составена од членови од доверба и со различна воена моќ, слично како кај Лазократите. Наскоро Drashhh_III_Makedonski & Macedonian_Lion формално формираат воена единица независна од државата под името АрМакедон како воено-економска самофинансирачка организација. АрМакедон добива свој Устав, процедури за интерни избори, регрутација и отстранување на членови а во нејзини рамки членуваат едвај десеттина играчи, едни од најискусните македонски играчи во тоа време.
Самата регрутација е нешто специфично по кое АрМакедон се разликува од останатите единици - иако првичната идеа за регрутација на нови членови т.е критериумите се изменија , истата сеуште останува специфична по нејзината затвореност и избор на кандидати врз основа и на други критериуми освен нивната воена моќ. Првите регрутации успешно и доста добро ги вршеше ГокаГрозни пред чие темелно испрашување минаа играчи, а солиден број на играчи му се придружија на АрМакедон и го направија она што е денес. АрМакедон досега спроведе само една јавна регрутација но затоа пак широко ги отвори вратите за над 1300 цивили кои моментално членуваат во нашата воена единица.
Внатрешната организација е сочинета и од други сегменти кои со текот на времето веќе и не се обврска за членовите на АрМакедон или крајно минимално се применуваат.
АрМакедон особено е препознатлив по карактеристиките на своите членови особено по својот единечен аватар, големиот фан клуб на обожаватели, подржувачи и хејтери како и по многубројните теории на заговор и обвинителни акти кои се водат против членовитe. Голем број од АрМакедонците се прилично активни и искусни играчи, некои од нив докажани во политика, некои во економија или новинарство, некои оперираат во сенка, некои не се замараат а некои како да не постојат.
Логото - е најголемата симболика на брендот АрМакедон. Логото кое беше главна одлика на оваа единица претрпи неколку промени со текот на времето и напредокот на единицата, менувањето на условите на игра итн.
Започнавме со прилично обичен (набрзина направен) но овој аватар сеуште е носталгија за голем број на АрМакедонци кои се упорни за негово враќање во живот. На наше изненадување, аватаров направи бум и во тоа време не се знаеше кој е член на АрМакедон а кој не.
5 месеци подоцна го погребавме претходникот и се изврши промена на крилјата и се додаде бела позадина со лента во боите на македонското знаме а елементот со крстот беше исфрлен. Беа направени преку 10 модели и на крај беа изгласани само два, едниот со Кутлешовото сонце, другиот со македонскиот лав. Бидејки овој аватар е во големи мерки копиран, за да се избегнат и отстранат проблеми, направивме неколку верзии за цивилите за да има дистинкција меѓу членовите и останатите играчи.
По повод една година АрМакедон во еRepublik, ние, АрМакедонците се облековме малку побогато
Мотото на нашиот едногодишен аватар беше е: “Зошто да се чува или троши “краденото и крваво” злато кога истото може да се искова”.
Бидејќи за нашата една годинишнина го исковавме златото сега немам што да коваме па затоа се одлучивме да се вратиме на корените наши и да го вратиме старото лого. Мотото на оваа двегодишница гласи: “Се враќаме на корените”
На крај, би сакале да Ви напомениме дека: и во добро и во лошо, АрМакедон секогаш ќе биде со Вас.
Без разлика на сите притисоци, обвинувања и плукања, АрМакедон е силен и решително чекори напред. Дружељубиви сме и овде и во РЛ па им простуваме и редовно присуствуваме на собиранки и кога сме поканети и кога не
🙂
Од денес па во наредните 3 дена каналот #armakedon на ризон серверот ќе биде отворен за секого
Денес сме радосни и славиме, а наскоро и ќе се опиеме сите заедно.
ПОСЛЕ НАС ПОТОП
Comments
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
2 Години АрМакедон!
http://www.erepublik.com/mk/article/2-1-2161597/1/20
После нас ПОТОП!
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
ПОСЛЕ ВАС ПОТОП!
ПОТОП АМИ КАКО!
ПОСЛЕ НАС ПРОЛИФ !!!
o7
DVE GODINI A USTE NE NAIDOVTE SARPLANINEC ZA LION
ПОСЛЕ НАС 2 ПОТОПИ!!!
[removed]
После нас потоп!!!
да ви се множат! o7
o7
Среќен 2-ри Роденден АрМакедон !
После нив роденден.
Среќен потоп!
Уствари не !? абе како беше? xD
Амин, после нас потоп. 🙂
Среќен 2ри роденден АрМакедон 🙂
шо убаво си го спопика goodbeer самиот погоре, "ПОСЛЕ НАС ПРОЛИФ !!!" xD
па вистина досадни ко пролиф сте
o7
Cestitki
o7
o7
Ај за арно за убо нека е.
\o/
Среќен роѓенден
о7
После вас Коштаплери !
А поубо кажано зад вас у позадина ви го потпикнуваат ! 🙂
Среќен 2ри роденден!
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
♥♥♥
Aj sreken rodenden 🙂
I poleka so potopite ke ne potopite site uste malce 😃
Дружељубиви сме и овде и во РЛ ...
...Од денес па во наредните 3 дена каналот #armakedon на ризон серверот ќе биде отворен за секого
3 ДЕНА!!!
3!!!!!!!!!!!!!
После тоа се затвара пошо сме премногу дружељубиви и влезете на #eMKD
wait, what?
You are banned from the channel #eMKD
бркај работа, беретата не ми е оштра.
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
ПОСЛЕ НАС ПОТОП!!!
o7
o7
Еднаш АрАмија засекогаш АрАмија!!!
МнМ!
ПнП!
мња сичките ви обичам : ***
xD
Среќен Втор еРоденден АрМакедон !
o//
bravo za vas o7
Од денес па во наредните 3 дена каналот #armakedon на ризон серверот ќе биде отворен за секого
Na KOGO MU E BR EBRAA POTREBNO DA VLEGUVA NA KANAL Xd ???????
Srejken Rodjendan da vam je .... do godina pak na vlast da dojte da izukradete Xd.....
srejken rodenden i ocekuvam delegatcka poseta na bitola i da si castite
Ова ко да гледам пресс на титови леви сили...
Среќен роденден, после вас ПОТОП \o/
Cestit Jubilej
Pozdrav
o7
ПОСЛЕ НАС ПОТОП !!!
o7
Posle vas POPOT xD xD
sreken rodendeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeen xD
Aj so srekja rodendenov i sto pojke da si docekate.
Среќен роденден АрМакедон \o/
Ми беше чест да бидам дел од вас 🙂
o/
Sreken neka vi e!
o7