еМакедонија vs еИталија, part#1 (еЦрнаГора)

Day 1,217, 14:32 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni

Стара еврејска поговорка вели „Да не ти даде Господ да живееш во интересни времиња“ клетва која не не фати, берем во последнава недела еЖивеевме со солидна динамика.
Е сега дали беше интересно ?
Да, беше доста интересно, еве да почнам со ред.
-тотална воена недисциплина, пропратена со желба ( читај, тамаќарлук за BH медал )
-драстични промени во економскиот сектор, еднодневен крах на еСветската економија, дур да се стабилизира ситуацијата беше напорна а и имаше одредена штета
-хипер продукција на новинарски статии, од секаков калибар, спам-статиите доминираа, воглавном си правеа едни на другите копии и ги вртеа истите 2-3 теми на repeat
-мини кавга на две пара-војски по прашање на државни рефунди, шпекулација која со помош на независното еНовинарство кулминираше во циркус "Колорадо"
-две војни и незнам колку востанија, востанијата тотално парадоксални
-воени акции во кои помагавме на нашите сојузници
-формирање на нова ONE алијанса, тотално изанализирана, и дочекана на нож од нашите аналитичари

Од сево оваа јас ке се задржам на 1-та фаза од војната со еИталија, односно комплетното освојување на еЦрнаГора, другите интересантни работи ке ги оставам во рубриката нормални, па не има над 10000 различни личности, во толкава маса на играчи има се и сешто.



Оваа 3-та војна во која учествиваме, иако беше на некој начин договорена, покажа многу аномалии.Тоа на некој начин е добро, бидејки од тие грешки ке се извлечат поуки кои добро ке ни дојдат за во наредната, која веќе и е започната.Се покажа дека организационо сме позрели, дека конечно и ја имаме потребнатаа сила, за тоа зборува податокот што востанијата воглавном ги задушува цивилите.Конечно покажа и дека ни е потребна тимска работа, поле на кое треба да обрнеме малку повеќе внимание.Замислете, наскоро ке влеземе во чизмата, тоа не можев ни во најлудиот сон да го замислам пред година и половина.Затоа ја користам оваа прилика јавно да им заблагодарам на нашиот претседател, министрите за одбрана/надворешни работи и на новиот потпретседател, а нашите храбри ратници да ги почестам со една песна Чекајки го Монтенегро-експрес

ПС:.Оваа море сега е наше, ама јас си го сакам онаа нашето, белото море ?!!!