Македонски Масони [SaveAss]

Day 2,379, 18:25 Published in Chile North Macedonia by SaveAss

Како одминува времето, ќе имам помалку време за играва. Тоа до некаде е и добра работа и некако не ми пречи, напротив едвај чекам да дојде тој период, но тоа не значи дека ќе се откажам, само ќе подолабавам.

Од некои од моите проекти остана уште еден важен на листата, па си велам ако го бива ете нека биде и со малку труд, ако не здравје барем нема да му ја мислам.

Идејата е малтене стара, да се оформи приватен фонд, гледаме дека тоа и се пробува да се направи ама никој не сака да земе одговорност за тие пари, што е дел од работата. (тогаш планирав 5 оргови заради редундантност, но тоа беа други времиња, сега за почеток веројатно 1 ќе биде доволно)



Со оваа статија имам две барања:

1. До прецедателот да обезбеди една ОРГ за оваа цел, која доколку на некој иден претседател му треба назад ќе треба да најави пред да ја земе, за да има процес на враќање на ОРГ-от во првобитната состојба.

2. До сите оние кои сакаат да членуваат во овој фонд да се изјаснат за тоа и да почнеме со работа.

Принцип на работа:

- Донациите ќе се распределуваат во форма на акци, каде секој кој што донира ќе има уддел со право на глас во толкав процент колку што изнесува неговата донација.

- Уддел помал од 1 % ќе се смета за удел без право на глас.

- Може да настане групирање на членовите во поголеми групи каде еден член го има правото на глас за поголем процент на уддел од својот по согласност на другите членови кои сакаат таа личност да ги претставува.

- Право на членување имаат играчи кои имаат над 20.000 сила, оние со помалку сила ќе можат да членуваат само преку посредник кој има над 20.000 сила. Како превентивна мерка против мултиња.

- Организацијата ќе биде непрофитна и ќе се стреми да помага на бебиња, да мотивира во битки со тенкови или поддршка на востанија, по програма која самото членство ќе ја гласа. Тоа значи за позајмени пари на бебиња нема да се бара камата (повеќе како пример ама лошо разбрано), за поделба на тенкови нема да се бара повратна услуга.

- Одлука се смета за валидна доколку ја поддржи најмалку 51% од оние кои донирале.

- Минимален основачки капитал ќе биде сума од 100.000 cc или 500 голд (она што е поголемо во моментот) што значи доколку собраните средства се под 50.000 cc или 250 голд (она што е поголемо) не ќе може да се изгласа никаква одлука.

- Во случај на излгасување на одлука, пропорционално се одзема од влогот на сите членови со што нивниот удел пропорционално се намалува.

- Прецедателот на Р.М има право на глас од 10% само во случај Македонија да нема територии. Државата може да прави донации, но истите нема да се рачунаат како уддел во капиталот кој не се распределува на ниеден член.

Последниве месец дена активно ја анализирам политичката, воената и геополитичката поделба на силите во играва и заклучив дека ова е некоја најдобра долгорочна стратегија во играва. Верувам дека вака можеме да нарпавиме повеќе, а за одлуките ќе гарантираме со нашиот џеб, па на крај никој нема да ни биде крив.

Впрочем поарно е повеќе глави да мислат отколку една, а вака секој што мисли ќе го поддржи своето мислење соодветно со капитал.

Оргот и евиденцијата ќе ги води лице одредено од донаторитет кои ќе гласаат за него по доставени кандидатури на генерирани 100% капитал од минималниот оснивачки влог.

Епа навали народе 🙂

со почит,
SaveAss