[sarmetina] Житарите се богатат на грбот на лебарите

Day 1,188, 07:06 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


На грбот на лебарите житарите дебело профитираат.
Следејќи ги случувањата на пазарот во прехрамбената индустрија забележав дека производителите на жито меѓусебно ја договараат цената и со тоа директно го рушат слободниот пазар на леб и жито.
Ако пазарот на жито работи олигополски, тогаш нема никаква можност пазарот на леб да работи според пазарните принципи и лебарите да можат да преживеат.
Во моментов цената на лебот е околу 0,63 денари, а цената на житото е 0,08. Во вакви услови, лебарите треба лебот да го продаваат за околу 0,7 денари.
Тоа значи дека или храната ќе стане поскапа, или лебарите ќе пропаднат.
Точно е дека пишував за малодушноста на производителите на храна и барав диригирано намалување на цената на лебот. Но, тогаш лебот беше 1 денар, а житото исто колку сега. Разликата е што тогаш еМакедонија беше во војна, и повикот за намалување на лебот требаше да се свати како помош на производителите на храна за државата кога и е тешко.
Сега на државата не и е тешко, не сме во војна и барам стабилизирање на цените.
Барам државата да најде начин и да обезбеди слободен пазар на жито, каде што најстрого ќе се казнуваат картелските здружувања и секои обиди за договарање на цената.
Ако успеат и лебарите да се договорат и да ја дигнат цената на лебот на 1 денар, а да не ги покачат платите, тогаш штетата која сега ја трпат самите тие, ќе се префрли врз обичните граѓани. Апелирам до власта серизно да се позанимава со оваа ситуација, бидејќи во спротивно ќе потегнам иницијатива за создавање олигопол и на пазарот со леб, за што, целата одговорност ќе падне на Власта и житарите.
Сега за сега, апелирам до сите лебари, цената на лебот никако да не ја спуштаат под 0,7 денари, бидејќи помина времето кога лебарите работеа за ќарот на житарите